Регион

Уапсен газдата на српски „Информер“

Александар Вучиќ исто така ја сподели веста за апсењето за време на седница на Народното собрание на Србија

Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник на српскиот таблоид и телевизија „Информер“ – медиум што отворено го поддржува Вучиќ – беше уапсен утрово по налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград.

Според порталот „Нова.рс“ (Nova.rs), Вучиќевиќ е уапсен под сомнение за предизвикување паника и неред – конкретно преку континуирано однесување – како и за попречување на правдата.

„Информер“ ја пренесе веста за апсењето, но засега нема дополнителни детали.

Александар Вучиќ исто така ја сподели веста за апсењето за време на седница на Народното собрание на Србија.

„Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственикот на телевизијата ’Информер‘, штотуку е уапсен“, изјави Вучиќ.

Пратениците од парламентарното мнозинство ја поздравија оваа информација со аплауз – реакција која, според извештајот на Н1 (N1), го разлути Вучиќ.

Десет дена претходно, адвокатот Иван С. Петровиќ објави дека поднел колективна кривична пријава против Вучиќевиќ во име на 97 српски граѓани.

Во пријавата тој се товари, меѓу другото, за поттикнување национална, расна и верска омраза, загрозување на јавната безбедност, насилничко однесување, како и за предизвикување паника и неред.

Подносителите на пријавата тврдат дека Вучиќевиќ, преку своите емисии, систематски ги навредувал политичките противници, активистите, студентите и новинарите, нарекувајќи ги „усташи“, „фашисти“ и „хиени“.

Во пријавата, меѓу другото, се наведува и дека Вучиќевиќ, во програма во живо, ја повикал полицијата на насилство со зборовите: „Полицијо, тепајте, кршете им ги ребрата“.

Сè уште не е познато дали апсењето е поврзано со таа кривична пријава.

„Информер“ е еден од најпознатите српски таблоиди, кој со години отворено го поддржува Александар Вучиќ и ги напаѓа неговите политички противници. За време на студентските протести во Србија, студентите беа честа цел на неговите напади.

Кон крајот на октомври, група граѓани влегле во просториите на телевизијата „Информер“ во Белград и го прекинале преносот на програмата во живо. Вучичевиќ тогаш тврдеше дека демонстрантите се обиделе да го убијат и да ја запалат зградата, но овие тврдења не се независно потврдени.

Независното здружение на новинари на Србија, исто така, најави покренување иницијатива за одземање на дозволата за емитување на телевизијата „Информер“.

Министерството за внатрешни работи на Србија сè уште официјално нема соопштено за апсење на Вучичевиќ.

Најнови вести од: Регион

Врачарскиот клан се закани дека ќе го убие Александар Вучиќ!

Шефот на пратеничката група „Србија победува“ Александар Вучиќ денес изјави дека Врачарскиот клан му испратил најсериозни закани со смрт и додаде оти нема на кого да го пријави тоа бидејќи, како што вели, „полицијата е преземена од улицата и од Студентската листа“.

Уапсените за подготвување атентати во Грција се поврзани со косовската УЧК?! – Еден од нив ја нападнал полициската станица кај Гошинце во 2015!

Членови на мрежата, поврзана со Иран, што ја разбија разузнавачките служби на Македонија и Грција, за која се верува дека подготвувала атентат врз грчки бизнисмен од иранско потекло, во минатото биле поврзани со Ослободителната војска на Косово, тврдат извори на грчкиот весник „Катимерини“.

To top