Македонија

Мицкоски: Со два посебни закона до поевтини домови за младите брачни двојки!

Најверојатно ќе одиме со два специјални закони во Парламентот кои што веќе се работат. Министерството за транспорт и мојот кабинет ги работат законите. Првиот закон, во кој што брачните парови до 35 години ќе се стекнат со право да добијат станбен простор кој ќе биде по цена од 20 % пониска од онаа просечната, пазарската, во таа катастарска општина, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Утрово разговарав и со директорот на Катастар, тие изготвуваат таков тип на анализа, за третиот квартал е завршена. Го задолжив, во текот на денот ме информира каква е состојбата во првите три квартали од годината и очекувам многу скоро да ја добијам оваа анализа. Ќе можеме и јавно да објавиме каква е состојбата со катастарските општини, онаму каде што има продадена новоградба на станбени единици и потоа граѓаните ќе можат, оние кои ги исполнуваат условите согласно критериумот да си прават калкулации, планови во иднина, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека тоа ќе биде специјален закон кој наскоро ќе се најде пред пратениците.

-Вториот специјален закон е законот во кој општините на овој профил брачни парови нема да наплатат комуналии за изградба на куќа. Голем дел од градоначалниците ми се јавуваат со идеи дека имаат неколку хектари земја, сакаат да ја урбанизираат, парцелизираат, да ја понудат по 1 евро, што е добро. Јас сум убеден дека овие два закони и овие две мерки ќе вродат со плод и ќе се олесни домувањето кај овој профил на брачни двојки, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Вонвременскиот поетски проглас на Рацин до Македонците од 1939 да се борат да им осамнат „Македонските мугри“, а не „Бугарските мугри со европски сјај“! (1)

 Во својата монументална стихозборка“ „Бели Мугри“, испечатена на денешен ден, на 25 ноември 1939 година во гратчето Самобор, близу Загреб, во Хрватска, Кочо Рацин ја испеа македонската мака, на македонските аргати и тутунари. Пред Европа и светот тој ја објави таа македонска мака, но и ги потврди високите книжевни и уметнички вредности на јазикот на македонскиот народ. Дваесет и петти ноември 1939 година не е само датум од историјата на македонската книжевност. Тоа е датум со длабоко национално, јазично, културно и политичко значење. Овој волшебник на македонската поетска реч и национален мислител од највисок ранг ја објавува својата стихозбирка со значење многу поголемо од книжевноста и во време кога  македонската национална индивидуалност била оспорувана, потиснувана и негирана од различните националистички и државни политики од Балканот.

Најнови вести

To top