Свет

Мерц: Русија сака повеќе од Украина, Европа мора да ѝ постави граници

Во Бундестагот Мерц најави поцврст европски одговор на руските амбиции

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека Русија не е закана само за Украина, туку за безбедноста на цела Европа.

Во своето обраќање за време на буџетската расправа во Бундестагот на 25 ноември, тој истакна дека целите на Москва одат многу подалеку од војната во Украина.

„Русија точно знае што сака и сака повеќе од Украина“, изјави Мерц. Тој додаде дека оние што тоа не го разбираат или не ја согледуваат реалноста, или имаат поинаква агенда, спротивна на слободата и на демократските вредности на Германија.

Канцеларот самокритично призна дека Германија предолго ги занемарувала одбраната, инфраструктурата, демографските промени и економијата. Затоа, според него, сега мора итно да ги решава овие прашања.

Мерц укажа и на растечките тензии во повеќе региони. Според него, Русија врши притисок врз балтичките земји, врз Полска, во Црноморскиот регион, па дури и во вселената.

Тој тврди дека ескалацијата веќе се чувствува и на германска почва, понекогаш и со човечки жртви.

„Како Европејци, мораме да ѝ поставиме и ќе ѝ поставиме јасни граници на Русија“, порача германскиот канцелар.

Неговите предупредувања доаѓаат во време кога, според претходни извештаи, западните разузнавачки служби се загрижени дека Москва би можела да лансира во орбитата сателит со нуклеарна боева глава.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата ќе се брани од секаква закана во вселената. Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пак, повика на смиреност во однос на овие тврдења.

Со тоа, безбедноста во вселената станува уште една чувствителна точка во односите меѓу Русија и Западот.

Најнови вести од: Свет

Откако пред 11 години широкоградо примаа мигранти

Земјата треба да ја напуштат не само странските државјани кои се должни да заминат и странците осудени за кривични дела, туку и Сиријците, Авганистанците и Украинците, штом престанат да постојат причините поради кои им е доделена заштита

„Русија ќе престане да постои во сегашна форма“

Она што е потребно денес е мирен државен удар – не востание (веќе сме на работ на востание, што би било застрашувачки), туку мирен пренос на власта“, тврди Ивашов смета дека на Путин треба да му се понуди излезна стратегија која би му овозможила да избегне погубување пред стрелачки вод

To top