Од средината на 2027 година полициските службеници ќе носат видеокамери на своите тела, од кои снимките потоа ќе се користат како доказен материјал, најави министерот за внатрешни работи Панче Топковски во „Само интервју“ на Канал 5.
Пилот-проектот за снимање на полициските интервенции со боди камери ќе стартува во Велес, а потоа да се рашири нивната примена низ целата територија на државата. Целта е поголема транспарентност и контрола на полициското постапување.
Една од новините во работата на МВР ќе биде и можноста жртвите на семејно насилство да го пријават со видео повик на телефонскиот број 112.
Од следната седмица ќе профункционира и апликација за „Безбеден град“, преку која граѓаните ќе можат да проверуваат дали имаат направено сообраќаен прекршок и да ги плаќаат казните, најави Тошковски.