Хроника

Насилникот од Гостивар сместен во Бардовци, претепаната сопруга е стабилна

При апсењето 52-годишниот М.М. давал отпор и повредил полицаец, а во нападот врз сопругата употребил и остар предмет.

Сопругот кој вчера брутално ја претепал 42-годишната жена од Гостивар е сместен во Психијатриската болница во Бардовци поради нарушено ментално здравје, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека 52-годишниот М.М. е лице со нарушено ментално здравје. При приведувањето давал отпор, физички нападнал полициски службеници и повредил еден од нив. За настанот е известен јавен обвинител, а М.М. бил спроведен во Психијатриска болница – Скопје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Жената, која била претепана и со остар предмет, во бессознание била пренесена во Скопје. Моментално е надвор од животна опасност. Според извори од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), денеска е стабилна и не е интубирана. При приемот ѝ биле констатирани две скршени ребра, парцијален пневмоторакс и отоци на главата.

Претходно од Јавното обвинителство соопштија дека жената од Гостивар, родена 1984 година, синоќа била примена на КАРИЛ во животозагрозувачка состојба, со скршен череп, крварење во мозок, сериска фрактура на ребра, воздух во плевра и полупаднато едно белодробно крило. Сниман ѝ бил и абдоменот бидејќи сопругот ја клоцал во стомак. Јавен обвинител разговарал со неа синоќа.

МВР утрово соопшти дека 52-годишниот М.М. бил приведен вчера во 14:10 часот во гостиварско село. Жената во бессознание била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување.

Од тепање паднала во несвест со деформирано лице – Ново монструозно насилство врз жена

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Сара Ѓ. (26) со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – обвинетиот насилник Кристијан Корабоски (31) не дојде

Во Основниот суд во Охрид денеска беше одложено првото рочиште од судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната охриѓанка Сара Ѓ.. Ново рочиште е закажано на 1 декември, објави „Сител“.

To top