Македонија

Даниловски: Комарците-крвопијци се најсмртоносните суштества на светот

Докторот Драган Даниловски предупредува на комарците кои можат да пренесат многу болести

„Најсмртоносните суштества на светот – комарците – и ова лето упорно ни пијат крв – континуирано 24 часа! Најагресивниот вид, „азискиот тигрест комарец“ (Aedes albopictus) галопира со „чекори од седум милји“, освојувајќи територии, уште од 2016 година (кога прв пат е идентификуван кај нас).
Нашиот дамнешен „сожител“, домашниот комарец (Culex pipiens) ја изгуби трката.
На југот од земјата може да се сретне и маларичниот комарец Anopheles (sacharovi). И сите бодат и пијат крв. Женките. Мажјаците служат за приплод…“ објаснува епидемиологот Даниловски во објава на Фејсбук.
„Но, не се толку проблем здодевните убоди. И несносното чешање, вели тој..

Проблем е што некои единки може да налетаат на болни луѓе од одредени болести. Чиишто причинители (вируси, паразити) наоѓаат привремен ,,дом” во утробата на комарците. Чекајќи нивниот домаќин да касне нова жртва (човек, животно или птица). И да ги пренесе во нивен нов резервоар. До следниот убод на некој друг ,,крвопиец”… и така во круг…

Секој тип од ,,крвопијците” си има посебен афинитет кон одредени причинители на заразни болести: ,,Летечкиот тигар” – денга, чикунгуња, зика. Домашниот кулекс – Западно-нилска треска. Маларичниот комарец – маларија.
Ризиците од Западно-нилска треска се реални. Ја има во соседните држави. Имаше и кај нас два случаи минатата година (2024). Ризиците, пак, од денга, чикунгуња, зика и маларија, засега, се како „Дамоклов меч“. Зашто, луѓето патуваат сѐ повеќе. И на егзотични дестинации, каде што овие болести се ендемски.
Оттаму, не смее „главата да се пика в песок“, предупредува Даниловски кој дава и совети како да се заштитиме

Што значи тоа? Тоа значи дека ни оддалеку не е доволно само да се спроведе рутинска дезинсекција (од воздух и од земја, т.н. терестрична). И да се извести јавноста со штура објава во јавните гласила. И толку. Зашто, никогаш не се уништува целата популација комарци. Па, макар се прскало и неколку пати во една сезона. Што значи, ризиците по здравјето се редуцираат, но и понатаму се присутни.

И тие ризици ќе бидат сѐ поприсутни. Со затоплување на планетата, односно климатските промени, ќе се продолжува сезоната на комарци. Најсмртоносното суштество во светот ќе го прошири својот географски опсег во нови региони и повторно ќе почне да се јавува во области во кои бројот на комарци се намалувал со децении.

Екстремните климатски и временски услови како што се суши, топлотни бранови, поплави и врнежи се интензивираат ширум светот. Тие обезбедуваат поволни услови за размножување на комарците и би можеле да помогнат во ширењето на вируси на поголеми географски ширини и надморски висини. Една неодамнешна студија, предводена од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, има предвидено дека повеќе од осум милијарди луѓе би можеле да бидат изложени на ризик од маларија и денга до 2080 година.

Значи, болестите што се пренесуваат со комарци (ќе) стануваат сѐ позначаен јавно здравствен проблем. Кој никако не смее да се потценува.

Заради што, потребна е подготовка на системот за превенција и благовремена реакција на можни предизвици.
Не треба тоа да бидат формални, површни и некоординирани потези.
Потребен е нов пристап – координиран, системски, долгорочен. Холистички пристап. Нова парадигма. Парадигма наречена „Едно здравје“ (One Health approach, One Health paradigm) [1, 2].

Таа ја препознава меѓусебната поврзаност помеѓу здравјето на луѓето, здравјето на животните и животната средина. Таа ја нагласува меѓузависноста на трите области, односно здравјето на една област е тесно поврзано со здравјето на другата.

Во контекст на болестите што се пренесуваат преку комарци, примената на концептот „Едно здравје“ е важна поради сложените интеракции меѓу комарците, луѓето, животните и животната средина во пренесувањето и контролата на овие болести. Овој пристап претпоставува соработка меѓу различни засегнати страни (главните „играчи“): стручњаците за јавно здравје, ветеринарите, екологистите, креаторите на политики и локалните заедници.

 

Клучните елементи на пристапот „Едно здравје“ за контрола на комарци се следните:

 

1. Намалување на местата за размножување на комарците со елиминирање на застоените води, подобрување на санитарните услови и ефикасно управување со отпадот (управување со животната средина);

 

2. Користење на природни предатори или патогени микроорганизми на комарците, како што се ларви од риби или бактерии (Wolbachia, Bacillus thuringiensis israelensis) како алтернативи на хемиските инсектициди (биолошка контрола);

 

3. Комбинирање на различни методи за контрола, вклучувајќи управување со животната средина, биолошка контрола и хемиска контрола (кога тоа е потребно и со одговорна употреба), за да се постигне одржливо и ефикасно намалување на популацијата на комарци (интегрирано управување со вектори);

 

4. Имплементирање на системи за следење на популациите на комарци, рано идентификување на епидемии на болести и евалуација на ефикасноста на мерките за контрола (надзор и мониторинг);

 

5. Едукација на јавноста за болестите што се пренесуваат преку комарци, промовирање на лични заштитни мерки (како што се употреба на репеленти, мрежи за кревети, комарници на прозорците) и поттикнување на учеството на заедницата во напорите за контрола.

 

Во овој сегмент, матичните доктори имаат незаменлива улога. Тие се најблиску до граѓаните, ја уживаат нивната доверба и можат директно да ги едуцираат за:

• како да се заштитат од убоди,

• како да ги намалат местата за размножување на комарци во својата околина,

• кога е време да побараат медицинска помош при појава на симптоми.

 

6. Поттикнување на соработката помеѓу јавно здравствените установи, ветеринарниот сектор, секторот за животна средина и други релевантни сектори (меѓусекторска соработка);

 

7. Препознавање дека животните можат да послужат како резервоари за некои болести што се пренесуваат преку комарци и спроведување стратегии за управување со интеракциите меѓу комарците и животните, како што е третирање на добитокот со инсектициди (справување со животинските резервоари).

 

Се прашувам, колку елементи од погоре набројаните кај нас функционираат?

 

Или со други зборови, сме помислиле ли дека е крајно време да организираме пристап „Едно здравје“ во справувањето со овој јавно здравствен проблем?

 

За почеток, барем да изработиме Програма за справување со болестите што се пренесуваат со комарци и други вектори со јасно дефинирани улоги и одговорности“, напиша тој.

Најнови вести од: Македонија

УНИБанка АД Скопје ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници – Инвеститорите добиваат добра опција за вложување!

УНИБанка АД Скопјe ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници по пат на приватна понуда, по добиеното одобрување од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.  Ќе бидат издадени 5.000 перпетуални обврзници со по единечнано минална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 5.000.000 евра.  Обврзниците ќе имаат фиксна каматна стапка 6% […]

Мицкоски: Рекордни средства од Буџетот се издвојуваат за здравството, целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

Премиерот Христијан Мицкоски  присуствуваше на пуштање во употреба на целосно реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Универзитетската клиника за урологија при Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. -Она коешто успеавме да го видиме и тоа што го направиле тука директорот заедно со соработниците, е навистина нешто коешто нѐ доближува чекор поблиску до европското здравство, односно условите […]

Мицкоски: 720 милиони денари за 36 спортски објекти

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што се планира во делот на спортската инфраструктура нагласи дека 720 милиони денари се одвоени за 36 спортски објекти. Во моментот мислам дека само во вториот повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа имаме повеќе од половина милијарда денари одвоено за инвестирање во спортска инфраструктура во […]

Меџити од Чаир: Времето на младите дојде

Првиот заменик-премиер на Владата, Изет Меџити, на средба со младите од Чаир одржа мотивациски говор во кој нагласи дека промената доаѓа само кога младите имаат храброст да ги пробијат границите поставени од старата власт. Вистинскиот свет започнува тогаш кога се осмелуваш да излезеш од вообичаениот пат и да почувствуваш дека сè е можно“, изјави Меџити, […]

To top