Свет

„Нетанјаху забега со умот“ вели премиер на една држава

Нов Зеланд размислува дали да признае палестинска држава

Премиерот на Нов Зелант,  Кристофер Луксон изјави дека израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху „забегал со умот“.

Нов Зеланд, инаку, размислувала дали да признае палестинска држава, објави Ројтерс.

Луксон им изјави на новинарите дека недостатокот на хуманитарна помош, присилното раселување на луѓето и анексијата на Газа се „апсолутно ужасни“ и дека Нетанјаху отишол предалеку.

„Мислам дека забегал со Умот“, додаде Луксон, кој ја предводи коалициската влада од десниот центар. „Она што го видовме синоќа, нападот врз градот Газа, е целосно, целосно неприфатливо“.

Луксон претходно оваа недела изјави дека Нов Зеланд размислува дали да признае палестинска држава.

Блискиот сојузник Австралија им се придружи на Канада, Велика Британија и Франција во понеделник, објавувајќи дека ќе го стори тоа на конференцијата на Обединетите нации во септември.

Пред денешната парламентарна седница, мал број демонстранти се собраа пред зградата на националниот парламент, удирајќи тенџериња и тави. Локалниот медиум Stuff објави дека демонстрантите скандирале: „Пратеници, покажете храброст, признајте ја Палестина!“

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

To top