Спорт

Македонскиот репрезентативец Серафимов го засили Левски

Централниот дефанзивец на „црвено-жолтите“ потпиша до 2028 година со вториот најтрофеен клуб во Бугарија

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Никола Серафимов, од денеска и официјално е нов играч на бугарскиот вицешампион Левски, ставајќи потпис на тригодишен договор со вториот најтрофеен клуб во Бугарија со 26 титули.

„Добредојде Никола Серафимов! 26-годишниот централен дефанзивец и репрезентативец на Северна Македонија потпиша со Левски до летото 2028 година. По неколку сезони во Унгарија и 22 натпревари за репрезентацијата, Серафимов избра да го носи синиот дрес. Да му посакаме многу победи, здравје и незаборавни моменти!“, објави клубот од Софија.

Стрелецот на еден гол за Македонија во победата над Летонија во Лигата на нациите минатиот ноември доаѓа од унгарски Фехервар, за кој настапуваше последните три сезони, во кои на 64 одиграни натпревари постигна гтри погодока.

Скопјанецот роден пред 26 години потекнува од младинската школа на Вардар, чиј дрес го носеше и во сениорска конкуренција, беше дел и од Пелистер и Брегалница, а има играно и за Академија Пандев и во унгарски Залаегерсег.

Најнови вести од: Спорт

Мицкоски: 720 милиони денари за 36 спортски објекти

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што се планира во делот на спортската инфраструктура нагласи дека 720 милиони денари се одвоени за 36 спортски објекти. Во моментот мислам дека само во вториот повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа имаме повеќе од половина милијарда денари одвоено за инвестирање во спортска инфраструктура во […]

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска се пласира во финале на турнирот во Куршумлиска Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска се избори за финале на турнирот што се одржува во Куршумлиска Бања, откако во полуфиналниот меч ја совлада Русинката Дарија Астахова со 2-1, по сетови 2-6, 6-2 и 6-4. Нашата Лина не го започна најдобро мечот и го загуби првиот сет, но во продолжението успеа да ја наметне својата игра и […]

To top