Македонија

Меџити: Беа Европски фронт, а сега Национална алијанса за интеграција, оти имаат проблем со идентитетот и им бегаат партиите!

Наспроти ироничниот коментар за „идентитетското ребрендирање“ на Али Ахмети и неговите „еврофронтовци“ сега во „национални интегративци“, вицепремиерот и еден од лидерите на Вреди Изет Меџити нагласува дека „Вреди како коалиција никогаш не била поединствена и никогаш не била пообединета“.

„Изет Меџити од Вреди го коментираше ‘ребрендирањето’ на Европскиот фронт во Национална алијанса за интеграција. Според него, ова го одразува проблемот, што го има опозициската коалиција со својот идентитет.“ – објави ТВ 21 во својата вест со наслов „Преобразбата’ на Европскиот фронт во ‘Национална алијанса за интеграција’ – Меџити: Веќе не можам да се сетам на нивните имиња, имаат проблем со идентитетот“.

Телевизијата ја наведува изјавата, што ја даде Изет Меџити во овој контекст: „Вреди беше Вреди пред една година, а денес е сè уште Вреди, додека другите ги менуваат имињата. Веќе не можам да се сетам на нивните имиња: Европски фронт, Национален фронт, сега Национална алијанса за интеграција… Тие имаат проблем со својот идентитет. Се здружија неколку политички сили, кои се судрија лошо во минатото, но сега секој ден некој си заминува од таму. Си замина Турската партија, која беше сериозна партија, Мендух Тачи си замина, да видиме во наредните денови кој друг. А Вреди никогаш не била поединствена, никогаш не била пообединета.“

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

To top