Македонија

Масовна тепачка поради нерасчистени семејни односи, Обвинителството поведе постапка против осум лица

Нерасчистени семејни односи меѓу две групи

Основното јавно обвинителство поведе постапка против осум лица поради учество во масовна тепачка што во саботата се случи на улицата „Славеј Планина“ во Скопје.

Во инцидентот, кој настанал поради нерасчистени семејни односи меѓу две групи, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште неколку биле полесно повредени. Едно лице е осомничено за обид за убиство откако со дрвена штица тешко повредило едно лице од спротивставената група. Повредениот се здобил со фрактура на черепот и крвавење на мозокот.

Иако станува збор за млад човек кој неодамна наполнил 18 години, Обвинителството предложи мерка куќен притвор поради ризик од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото.

Друг осомничен е обвинет за нанесување тешка телесна повреда откако со тупаници му ја скршил долната вилица на еден од учесниците во тепачката. Преостанатите шест лица се осомничени за кривично дело учество во тепачка. За нив се предложени мерки на претпазливост.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

To top