Македонија

Кедев одговори на Систина: Тужбата ќе биде можност да се види што се случува

Можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

Откако клиниката Аџибадем Систина најави дека ќе го тужи кардиологот Сашко Кедев ако не каже каде имало аномалии  одговор дојде преку сопругата на кардиологот Ганка Цветанова.

Кедев преходно обвини дека во приватни болници се вршеле несоодветни интервенции.

,,Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство. Looking forward…”, напиша Цветанова на Твитер.

Аџибадем Систина најави тужба ако Кедев не каже за која болница зборува

поврзана вест

Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Најнови вести од: Македонија

Манасиевски: Жерновски, внукот на бугарски кмет и застапник на бугарскиот став за Македонија, со Филипче се симбол на предавство и скандали, не на нов почеток!

„На штета на македонскиот идентитет и позиции, Андреј Жерновски, неуспешниот политичар, јавно говореше во полза на бугарскиот став за Македонија. Но тоа не му беше воопшто проблем, со оглед на неговото семејно потекло и фактот дека неговиот дедо бил бугарски кмет. Жерновски и Филипче, кои се поврзуваат со СДС од транзицијата, не се нови кадри, туку се луѓе, кои неколкупати се виновни за поразите на СДС низ годините. И по сите неуспешни обиди во политиката, од градоначалнички избори до скандалозни ‘дипломатски’ активности Жерновски се стави на располагање заедно со Филипче да биде најголемиот поборник на бугарските агенции и бугарските интереси во државата.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ во денешното соопштение за јавноста.

Муцунски: Има сериозен интерес ОАЕ да инвестираат во Македонија

„Нашата цел е со Обединетите Арапски Емирати да изградиме специфично и посебно партнерство, бидејќи станува збор за држава која има реализирано успешни капитални проекти и со која, од стратешка гледна точка, делиме многу исти ставови“, истакна министерот

To top