Македонија

Водечки норвешки мислител се повикува на Сиљановска-Давкова за важно прашање за светот

Објавата која е инспирирана од јавни настапи на македонската претседателка сугерира дека фокусот треба да се префрли од реторика и институционални прогласи кон градење реална средина во која правилата се доследни

Во објавата со наслов „Why credible rules, entrepreneurship and the capacity to turn knowledge into productive power matter more than institutional declarations“ авторот д-р Глен Агунг Холе директно се повикува на тезите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, според кои вистинскиот напредок не доаѓа од формални институционални декларации, туку од кредибилни и предвидливи правила, претприемништво и способноста знаењето да се претвори во продуктивна сила.

Според ставот што го изразува во објавата, институционалните декларации остануваат празни ако не се поткрепени со стабилни и предвидливи правила на игра. Кредибилните правила создаваат доверба, овозможуваат долгорочно планирање и ја намалуваат несигурноста.

Авторот се повикува на пораките на Сиљановска-Давкова според кои регулативата треба да гради предвидливост и општествена доверба, а не само контрола, и дека правилата треба да траат подолго од оние што се на власт.

Особено се нагласува улогата на претприемништвото и знаењето.
Холе укажува дека претприемачите се оние кои го препознаваат знаењето, го комбинираат со ресурси и го претвораат во производи, услуги и работни места. Способноста знаењето да се „преведе“ во продуктивна сила – преку иновации, инвестиции и конкуренција – е она што ја одделува успешната економија од онаа што само декларира напредок. Ова се совпаѓа со нагласувањата на претседателката за потребата од меритократија наместо партиски врски, за вложување во човечки капитал и за создавање поповолна бизнис-клима која ќе донесе стабилен раст.

Објавата која е инспирирана од јавни настапи на македонската претседателка сугерира дека фокусот треба да се префрли од реторика и институционални прогласи кон градење реална средина во која правилата се доследни, претприемништвото е поттикнато, а знаењето се вреднува според резултатите што ги создава. Само така, тврди Холе, може да се постигне одржлив економски раст и поширока благосостојба, токму во духот на тезите што ги застапува Гордана Сиљановска-Давкова.

Д-р Глен Агунг Холе е норвешки вонреден професор, институционален економист и гео-економски аналитичар. Работниот фокус му е на пресекот меѓу претприемништвото, институционалните капацитети, економскиот развој и геополитиката. Пред да влезе во академската сфера, поминал околу 28 години во норвешкиот и нордискиот бизнис, вклучувајќи извршни и сениорски менаџерски позиции. Денес е вонреден професор на Универзитетот во Југоисточна Норвешка (USN) и на HØFY – Универзитетски колеџ за стручни студии. Меѓународно е гостувачки професор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Северна Македонија, Универзитетот во Скадар „Луиѓи Гуракуќи“ во Албанија и Бизнис-школата на Универзитетот во Дар ес Салам во Танзанија; истакнат гостувачки професор на универзитети во Демократска Република Конго; почесен професор на Универзитетот Сарсен Аманжолов во Источен Казахстан; и ангажиран во академска соработка со Универзитетот „Кадри Зека“ во Косово. Основач е на The Institutional Capital Project и активен коментатор во норвешки и меѓународни медиуми.

Линк до текстот

Beyond Institutional Illusionism: North Macedonia and the Foundations of Europe’s Renewalhttps://www.linkedin.com/pulse/beyond-institutional-illusionism-north-macedonia-ljqse?utm_source=share&utm_medium=member_android&utm_campaign=share_via

Најнови вести од: Македонија

To top