Бизнис

Ново поскапување на такси превозот?!

Последната одлука за промена на тарифите на такси превозот е од 2022 година, значи дека дел од таксистите, без оглед што возат за регистрираните такси компании, неовластено наплаќаат повеќе од предвидената сума.

Периодов ако сте се возеле со некоја од скопските такси компании сигурно сте забележале дека за истата дестинација ви наплаќаат за дури 30 отсто повеќе од вообичаено. Сепак, никаде нема официјална одлука за поскапување на такси-превозот бидејќи тарифникот се усогласува со одделот за сообраќај на Град Скопје, и се гласа на Советот на Град Скопје.

Последната одлука за промена на тарифите на такси превозот е од 2022 година, значи дека дел од таксистите, без оглед што возат за регистрираните такси компании, неовластено наплаќаат повеќе од предвидената сума.
  • Цените од пред три години се наштелувани во таксиметарот и само тие три тарифи смеат да ги употребуваат. Исто така и на задните стакла од вратите треба да го имаат истакнато ценовникот по која тарифа возат“, вели за Фактор Сашо Рајчановски Претседател на Групација на авто такси превоз на Град Скопје и член во советот за сообраќај во Град Скопје.
Бидејќи такси-метрите се штелувани според трите тарифи од 2022 година, дел од таксистите возат според третата, најскапа тарифа, но за тоа нема никаква правна основа, бидејќи оваа тарифа се применува само кога цената на горивото е над 120 денари за литар.

Имено, повеќето од таксистите кои возат по „новите“ цени, всушност возат со старт од 60 денари, 35 денари за изминат километар и 420 денари за чекање еден час во место.

Постоечкиот ценовник предвидува прва тарифа со 40 денари старт, 25 денари за изминат километар и 300 денари за чекање еден час во место под услови горивото да чини до 75 денари за литар и втора тарифа со старт од 50 денари, 30 денари за изминат километар и 420 денари за еден час чекање, но под услов просечната цена на горивото да изнесува над 75 денари за литар.

Во последните три месеци само на крајот на јуни просечната цена на горивото изнесуваше над 75 денари за литар, мерено според податоците на gorivo.mk. Тоа значи дека ниту втората тарифа од 50 денари старт со 30 денари изминат километар и 420 денари чекање еден час не е постојано оправдана. Сепак, контролите на таксиметрите и наплатата во такси возилата ретко се спроведува, што ги остава потрошувачите на овие превозни услуги незаштитени.

Исто така голем проблем за Скопјани, во услови на руиниран градски превоз, и небезбедни услови за движење на пешаци и велосипедисте, се и дивите таксисти кои цените буквално ги „вадат од ракав“. Така на пример за возење кое вообичаено чини 150 денари може да ви наплатат дупло, за кратки релации низ централното градско подрачје.

Дивите таксисти станаа многу вешти во изминатите неколку години со тоа што користат табли на кои се испишани имиња на постоечки такси компании, но тие воопшто не возат за нив, ниту се поврзани со некаква централа.

  • Имам информација дека 70% од таксистите во Скопје се ,,диви“. Немаат лиценци, немаат таксиметри, возилата не ги исполнуваат условите за такси превоз на патници. Не дај Боже да се случи нешто тогаш сите ќе бегаат од одговорност. Многу пати последниве години е барано средување на авто-такси превозот ама надлежните од Градот Скопје го игнорираат тоа барање“, потенцира Рајчановски.

Дивите таксисти најчесто се стационирани околу Меѓуградската автобуска станица, кај хотелот Холидеј Ин, такси станицата спроти Министерството за правда или поранешно „Мекдоналдс“ и на други точки во градот каде најчесто се движат туристи или граѓани од внатрешноста на Македонија кои не се добро запознаени со етаблираните такси-компании. И тоа е многу лесно воочливо и видливо, но нема конкретни чекори од надлежните.

Најнови вести од: Бизнис

Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, рече премиерот

Мицкоски истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата за вода, но и туризмот и производството на електрична енергија.

(Видео): Од долгогодишен застој и долгови, до позитивен раст, инвестиции и резултати, вели Трипуновски

Цветан Трипуновски се осврна на работењето во изминатите две години. Рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции.

НБРМ: Надворешниот долг на Македонија се искачи на речиси 13 милијарди евра

Надворешниот долг на Македонија продолжува да расте. Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на 2025 година.

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола посветени сме на највисоките стандарди во интерес на заедницата

ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина.

(Видео): Ребаланс на буџет – Стабилност на јавните финансии, повеќе пари за инвестиции, економска активност и квалитетни услуги за граѓаните

Повеќе пари за патишта, железница и локални инфраструктурни проекти, но и повисок буџетски дефицит. Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година со кој капиталните расходи се зголемуваат за 5,8 милијарди денари, додека дефицитот достигнува 46,1 милијарди денари или 4,1 процент од БДП.

To top