Македонија

Грозоморна порака на идеолог на СДСМ за изгорените деца од Кочани

Секоја шега или итроштина на тема трагедијата во Кочани за секој нормален човек е поигрување со болката на семејствата но и на цела Македонија

Во грозоморна порака новинарот и идеолог на СДСМ Бранко Тричковски објавува изрека за изгорените деца од Кочани.

Во обид да се пресмета со новинарот Драган Милосављевиќ кого го напаѓа за анализата на мизерната колумна на Љубомир Фрчкоски, Тричкоски упатува порака која предизвикува огромна болка за семејствата на починатите во дискотеката Пулс во Кочани но и на најголемиот дел од јавноста.

Во одбраната на Фрчкоски, Тричковски без никакви потреба користи една народна изрека која преформулирана гласи:

Либералите се на погрешен перон, а вмороните се на шините!

,,Иде возот од Кочани носи деца изгорени, се надевам дека нема да се тргнете”.

Секоја шега или итроштина на тема трагедијата во Кочани за секој нормален човек е поигрување со болката на семејствата но и на цела Македонија.

Зошто Тричковски го прави ова насилство врз недолжните жртви и нивните блиски засега не може да се протолкува целосно.

 

Најнови вести од: Македонија

До пасош за седум дена

Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се добива во рок од еден до два дена. Документите граѓаните ги добиваат во рок од најмногу седум дена

Гочева: Биди причината нечие срце да продолжи да чука (ВИДЕО)

Еден донатор може да спаси до осум човечки животи и порача дека токму овој факт треба да ги охрабри луѓето да размислуваат за органодарителството. „Донирањето на орган е пред сè еден несебичен чин, а одлуката да спасите нечиј живот едноставно ве прави бесмртни“, порача Гочева

To top