Свет

Трамп: Путин верува дека победува, не сака крај на војната

Американскиот претседател им порачал на европските лидери дека рускиот претседател Владимир Путин не е подготвен да ја заврши војната во Украина бидејќи верува дека Русија во моментов победува на бојното поле, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ) повикувајќи се на извори запознаени со телефонскиот разговор. „Тонот и духот на разговорот беа одлични. Да не беше така, ќе […]

Американскиот претседател им порачал на европските лидери дека рускиот претседател Владимир Путин не е подготвен да ја заврши војната во Украина бидејќи верува дека Русија во моментов победува на бојното поле, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ) повикувајќи се на извори запознаени со телефонскиот разговор.

„Тонот и духот на разговорот беа одлични. Да не беше така, ќе го кажев тоа“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Белата куќа одби официјален коментар за WSJ, осврнувајќи се конкретно на објавувањето на претседателот.

Иако европските лидери долго време се сомневаа дека Путин не е склонен кон компромис, ова е прв пат да добијат директна потврда од Трамп, кој во минатото постојано изјавуваше дека верува во желбата на Москва за мировен договор.

Според WSJ, дури и откако сфатил дека Путин не бара крај на војната, Трамп не ги поддржал барањата на европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски за зголемување на притисокот врз Русија, вклучително и преку нови санкции или дополнителна воена помош.

Изданието објавува дека ден пред разговорот со Путин – во неделата – Трамп имал разговор со европските лидери, за време на кој сигнализирал дека може да воведе построги санкции доколку Русија не прифати прекин на огнот.

Сепак, само еден ден подоцна, тој го промени својот став.

Наместо да го зголеми притисокот, Трамп предложи брзо продолжување на мировните преговори меѓу Русија и Украина, овој пат на пониско дипломатско ниво и под покровителство на Ватикан.

Најнови вести од: Свет

Белгија ќе ја признае Палестина, најавени санкции против Израел

Белгија ќе ја признае државата Палестина на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН) овој месец и ќе воведе пакет од 12 санкции против Израел, објави белгискиот министер за надворешни работи и вицепремиер Максим Прево.

Трамп ќе го одликува Руди Џулијани со „медал на слободата“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека ќе му го додели Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно признание во САД, на поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

Започнува судскиот процес против Болсонаро , обвинет за обид за пуч

Врховниот суд на Бразил денеска ќе започне со сослушувањата во случајот против поранешниот претседател Жаир Болсонаро, обвинет за обид за државен удар по победата на неговиот наследник, левичарот Луис Инасио Лула да Силва, на изборите во 2022 година.

To top