Македонија

Лазаров замолкна по заканите од Бојан Јовановски, што сѐ знае Боки 13 за инфлуенсерот?

Гивавеј, спорни донации или нешто трето се причина за заканите меѓу двајцата инфлуенсери

 

Изминаа веќе два дена откако Бојан Јовановски алијас Боки 13 му се закани на инфлуенсерот Стефан Лазаров да не зборува ништо за него затоа што во спротивно ќе треба да ја напушти државата.

Блиски на Лазаров велат дека се уште не е дефинитивно дали тој ќе одговори затоа што имал многу компромитирачки материјали за човекот што беше фатен како го рекетира Орце Камчев, но дека не вредело да се впушта во кавга со човек како Боки 13 кој е осудено лице и кој досега направил многу грди работи без да одговара за нив.

Од таборот на Лазаров не откриваат што е тоа што може да се открие за Боки 13 но дека ако биде откриено Јовановски не само што нема да може да замине џенем односно да ја напушти државата туку можеби ќе треба да замине повторно во затвор.

Според нив се докажа дека Боки 13 не е во толку тешка здравствена состојба да не ја отслужува затворската казна на која беше осуден за рекет и дека ако биде пак осуден ќе мора да заврши во затвор.

 

Од другата страна луѓе блиски на Боки 13 кој го прогласи Лазаров за медиокритет и му се закани дека ако проговори за него ќе треба да се отсели од Македонија велат дека тој имал докази за многу законски спорни ситуации во кои се наоѓал инфлуенсерот и дека ако тоа биде објавено Лазаров ќе биде среќен ако замине во странство пред да биде процесуиран од правосудството.

Тие не откриваат што е тоа што Лазаров може да го однесе в затвор но најавуваат дека се чека Лазаров да собере храброст да му врати на Боки 13 по што ќе се увери во каков правен експерт прераснал и што се знае за човекот кој му беше близок со сега го смета за непријател.

Јовановски и Лазаров заедно беа дел од таканаречен “гивавеј” кој според македонските закони е игра на среќа за која немаа лиценца и други потребни документи.

На еден таков настан во Штип на кој се продавале карти лани влезе и УЈП но досега од институциите нема правна разврска од која Боки 13 се огради со тврдење организатор бил Лазаров а тој бил само гостин.

Дали Боки 13 на Лазаров му се заканува со информации за овој случај на прекршување на законите или пак за друга ситуација поврзана со собирање на донации за која шпекулираат кругови околу Јовановски засега нема конкретна информација.

 

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

Мицкоски: Владата е насочена да направи современо здравство, за кое ќе се издвојат рекордни над милијарда евра во 2026!

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Клиничката болница во Битола изјави дека здравството останува еден од клучните приоритети на Владата, нагласувајќи дека за оваа година се издвоени рекордни повеќе од една милијарда евра за здравствениот сектор.

To top