Македонија

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со сопствени сили ги решаваа проблемите

На денешниот политички саем „4 години работа за тебе“, организиран од ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, ги истакна постигнувањата на градоначалниците од неговата партија и коалицијата во изминатите четири години.

На денешниот политички саем „4 години работа за тебе“, организиран од ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, ги истакна постигнувањата на градоначалниците од неговата партија и коалицијата во изминатите четири години. Тој нагласи дека и покрај ограничената поддршка од централната власт, општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ постигнале значајни резултати во интерес на граѓаните.

Честа е огромна да се присуствува на овој саем кој покажува што работеа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во последните четири години. Не бегаме од нашите одлуки, од работата и проектите што ги реализиравме“, рече Мицкоски.

Тој подвлече дека за ВМРО-ДПМНЕ делата се поважни од зборовите, а чесноста и посветеноста се клучни вредности. Според него, градоначалниците на партијата ја задржале довербата на граѓаните преку одговорна работа, без скандали и корупција.

Градоначалниците ги вратија општините на вистинскиот пат – патот на промените, инвестициите, изградбата на паркови, улици, градинки и училишта“, нагласи Мицкоски, додавајќи дека во изминатите четири години биле изградени и реконструирани над 770 километри улици и патишта, со вкупна вредност од околу 100 милиони евра.

Мицкоски ги истакна и проектите во областа на водоснабдувањето, канализацијата, спортските терени, пазарите, пречистителните станици, училиштата и детските градинки, како и поддршката за социјално ранливите категории.

Најважно е што останавте луѓе на кои граѓаните можат да се потпрат. Градоначалникот мора да биде прв меѓу еднаквите – слуга на народот, а не негов господар. Чесен, трудољубив, одговорен и секој ден со граѓаните“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека централната власт обезбедила над 500 милиони евра за капитални проекти во општините и вети дека оваа поддршка ќе продолжи. За претстојните локални избори во 2025 година, тој најави дека партијата ќе настапи со чесни и посветени кандидати, а програмата ќе се темели на предлозите и потребите на граѓаните, собрани преку јавни акции и анкети.

Време е за вистинска одлука, за вистински избор. Заедно ќе победиме и ќе донесеме резултати. Заедно ќе ја испишеме новата историја на Македонија!“, порача Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за Груби: Неможам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Самсунг („Samsung“) ја претстави Galaxy S26 Серијата: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега

Со моќен хардвер кој беспрекорно работи со водечкиот во индустријата систем на камери и интуитивни искуства со вештачка интелигенција, секојдневните задачи се полесни и побрзи од било кога досега

To top