Македонија

Секој македонски граѓанин должи на банка во просек 2.300 евра

Компаниите и граѓаните им должат на банките вкупно 8,268 милијарди евра во април, а околу половина од оваа сума е долг кон граѓаните, кој изнесува 4,168 милијарди евра. Што значи дека во просек секој граѓанин на Македонија должи околу 2.300 евра на некоја банка. Според податоците објавени од Народната банка, вкупните депозити достигнаа 9,771 милијарди […]

Компаниите и граѓаните им должат на банките вкупно 8,268 милијарди евра во април, а околу половина од оваа сума е долг кон граѓаните, кој изнесува 4,168 милијарди евра.

Што значи дека во просек секој граѓанин на Македонија должи околу 2.300 евра на некоја банка.

Според податоците објавени од Народната банка, вкупните депозити достигнаа 9,771 милијарди евра, од кои 6,644 милијарди се депозити од граѓани.

(Фото): Колку милијарди евра фирмите и граѓаните должат в банка?!

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top