Македонија

Мицкоски: Штетата што ја направи Бујар Османи нема да биде простена

Премиерот Христијан Мицкоски одново го обвини екс-министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека направил голема грешка во минатото и преговарал за македонскиот идентитет. Порача дека тоа „нема да го заборави и нема да заборави каква штета нанел на народот, преку непочитување на своите граѓани“. „Ќе остане во колективната меморија каква штета нанесе тој човек. Ако […]

Премиерот Христијан Мицкоски одново го обвини екс-министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека направил голема грешка во минатото и преговарал за македонскиот идентитет.

Порача дека тоа „нема да го заборави и нема да заборави каква штета нанел на народот, преку непочитување на своите граѓани“.

„Ќе остане во колективната меморија каква штета нанесе тој човек. Ако тој не го почитува својот сосед, тогаш не го почитува ниту своето семејство ниту својот народ. Тој проблем што тој човек го направи не доведе во ваква ситуација – од шампиони во регионот и во Европа, да не можеме да почнеме преговори со ЕУ.

Верувам дека ќе најдеме решение, ќе изнајде ЕУ механизми за да го добиеме местото на заслужената маса“, рече Мицкоски.

Изјавата доаѓа во пресрет на утрешната посета на високата претставничка на ЕУ за безбедносна и надворешна политика, Каја Калас.

Мицкоски вели дека треба да градиме поеднакво доверба со сите соседи, вклучително и со Бугарија.

Тој уште еднаш порача дека „немаме никакви проблеми да го прошируваме Уставот со дел од Хрватите кои живеат овде, Црногорците, Словенците…,но имаме проблеми да прифаќаме ултиматуми“.

Вели дека нема никогаш да си дозволи да преговара за нешто што претставува голем проблем за македонските, албанските, турските и другите граѓани во Македонија кои се составен дел од Уставот.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top