Македонија

Мицкоски: Три итни приоритети за Град Скопје

Мицкоски зборуваше за приоритетите што, според него, се клучни за подобрување на состојбата во Град Скопје, истакнувајќи три итни приоритети.

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е што секоја година се обидуваме да иновираме, добро е што другите политички партии од опозицијата можат да следат и да научат нешто ново, коешто, можеби во иднина ќе им биде корисно кога ќе презентираат дел од своите опозициски идеи, коишто, ние како Влада ќе можеме да ги анализираме, дел од нив и да ги искористиме, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на завршната панел-дискусија на тема „Локалната и централната власт работат за тебе” во рамките на настанот Саем-Отчет.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изрази уверување дека партијата и нејзината коалиција ќе остварат убедлива историска победа на претстојните избори. Според него, за ова не постои никакво сомневање, повикувајќи се на резултатите од анкетите, јавните истражувања и впечатокот од непосредните средби со граѓаните. Сепак, тој нагласи дека клучно е оваа победа да донесе конкретни резултати за граѓаните.

Ќе дојдат и ќе поминат овие локални избори. Но, што потоа? Треба проектите да се реализираат, треба тоа што е ветено да се испорача, бидејќи тоа го очекуваат граѓаните од нас“, рече Мицкоски.

Мицкоски зборуваше за приоритетите што, според него, се клучни за подобрување на состојбата во Град Скопје, истакнувајќи три итни приоритети. Како прв приоритет ја посочи хигиената, обраќајќи му се на кандидатот за градоначалник, Ѓорѓиевски, со порака дека конечно мора да се реши проблемот со чистотата и да се ослободи Скопје од отпадот.

Паралелно со тој процес, следи процес на разеленување на Скопје и оплеменување со хортикултура. Нормално, во првата година од мандатот, ценам дека главното, централно скопско јадро треба да биде дел од неговиот фокус. Кога зборувам за главното централно скопско јадро, мислам пред сè на Градскиот парк, Скопје и најмладите конечно да добие луна парк каков што заслужуваат“, истакна Мицкоски.

Потоа, рече Мицкоски, би поминал преку скопското Кале, коешто очекувам наскоро да почне и да функционира и да нуди содржини за туристите, а од таму би се спуштил по Старата скопска чаршија, каде што треба да има ред и да се помогне на тие луѓе таму кои одржуваат сè уште занаети кои, за жал, се во изумирање, а како градоначалник Орце тоа може да го стори.

После Чаршија, Мицкоски рече дека би се спуштил надолу и би одел на плоштадот пред Министерството за транспорт, за и таму да се средат сите урбани работи, па преку Камениот мост до главниот плоштад и се ова да биде збогатено со хортикултурна содржина и разеленување.

Мицкоски истакна дека Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат, а и фасадите по Рекорд оставени од едно друго време, треба да се завршат.

Потоа, преку улица Македонија би завршил кај црквата Св. Константин и Елена, којашто според планот, очекувам да биде завршена и пуштена во функција, некаде крајот од септември, заедно со куќата на Мајка Тереза и Домот на АРМ коешто треба министерството за одбрана да го реновира. Така со тој сквер, Орце ќе мора да се позанимава како иден градоначалник и да го оплемени со урбана опрема, кој ќе го користат скопјани и се побројните туристи“, посочи Мицкоски.

Други две туристички атракции, за кои не треба многу за да се направат, а тоа е веднаш да се отпочне со проектирање на втората фаза, од жичарата кон врвот на Водно и Матка. Ценам дека сето тоа може со сопствени сили, без премногу пари да се потрошат, средства и ресурси, да биде завршено. И тоа е првата работа што сметам дека треба да биде завршена заедно со средување на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот Обединети Нации, Влае па се до мостот Близнак во Аеродром и тоа може да се направи со сопствени ресурси од јавните претпријатија“, рече тој.

Мицкоски понатаму додаде дека вториот столб би биле завршување на сите оние капитални проекти кои се почнати, како клучката кај Момин поток, мостот кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба кај Керамидница да биде конечно пуштен во функција, како и мостот кај Сити мол и конечно да се заврши булеварот кон Драчево.

Да се забрзаат работите на пречистителната станица, колекторскиот систем за да ја исчистиме и реката Вардар. Така што тие капитални проекти кои се почнати да бидат завршени“, дециден е Мицкоски.

Во однос на третиот столб за Скопје, Мицкоски рече дека ќе биде нај предизвикувачки, ќе биде консолидирање на јавните претпријатија, бидејќи од информациите со кои располага, таму долговите сè се поголеми, а од друга страна нема работна дисциплина соодветно на тоа што треба да биде и дека во одредена мера има превработеност.

Посебно тука мислам во две јавни претпријатија, а тоа се Јавното претпријатие паркови и зеленило и Јавното претпријатие комунална хигиена. Цениме дека тие се пренатрупани, можеби со кадар којшто е непродуктивен“, рече Мицкоски посочувајќи дека кадрите вработени во овие претпријатија доаѓаат од коалиционите партнери на сè уште актуелната градоначалничка на Скопје, кои се ДУИ и Левица, а на моменти по потреба и советниците од СДСМ.

Мицкоски истакна дека овие три приоритети треба да бидат основата во работењето на идниот градоначалник на Градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски и дека тоа треба и може тоа да се направи уште во првата година , без да има потреба од дополнителни средства.

Ние како централна власт, преку министерството за транспорт ќе продолжиме со набавката на електричните автобуси. Најголем дел од тие ќе бидат наменети за јавниот превоз во градот Скопје, дел во општините коишто имаат организиран јавен превоз, а ќе има и други проекти кои како централна Влада ќе ги поддржиме во рамките на Градот Скопје и општините“, рече, меѓу другото, Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top