Македонија

Полициска акција во Липково, Куманово и Желино

Голема полициска операција на Управата за финансиска полиција во општините Липково, Куманово и Желино – во тек се претреси на повеќe локации

Голема полициска операција на Управата за финансиска полиција во општините Липково, Куманово и Желино – во тек се претреси на повеќe локации поради сомнежи за организиран криминал, даночна измама, затајување данок и перење пари.

Рано изутрина, тимови од Управата за финансиска полиција започнаа координирана акција со упади на повеќe објекти во општините Липково, Куманово и Желино, каде моментално се спроведуваат детални претреси. Оваа операција е резултат на повеќемесечна истрага за дејствување на организирана криминална мрежа, за која постои сомневање дека се занимавала со злосторничко здружување, даночни малверзации, измами поврзани со даноци, перење пари и други финансиски кривични дела.

Според неофицијални извори, акцијата е насочена кон компании вклучени во трговија со нафтени деривати, кои се осомничени за криминални активности со штета проценета на над 7 милиони евра. Повеќe детали за операцијата се очекуваат по нејзиното завршување, во текот на денешниот ден.

Најнови вести од: Македонија

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

To top