Македонија Регион

Зошто се повеќе македонски студенти заминуваат да учат во странство?!

Во академската 2024/2025 година бројот на странски студенти во Словенија достигна 11.918, што е пораст од 12,8% во однос на претходната година. Повеќе од 1.000 од нив доаѓаат од само четири земји, меѓу кои и Македонија.

Интересот за студирање во Словенија, поддржан со висок квалитет на образование, најмодерни услови и дипломи признаени во Западна Европа, продолжува да расте меѓу младите од Македонија. Одличните студиски програми, професорскиот кадар и можноста дипломата да биде признаена во западноевропските држави се главните адути зашто македонските студенти се решаваат да заминат таму. Дел од словенечките факултети дури нудат и бесплатни студии за македонските граѓани, а на интернет лесно може да се најдат специјализирани страници преку кои може да се аплицира и да се искористат овие поволности.

Според официјални податоци, во тековните академски години 2023/2024 и 2024/2025 во Словенија се запишале над 3.100 студенти од Македонија. Според „Телеграф“, над 3.100 млади од земјава во последните две години станале дел од словенечките универзитети. Само во академската 2023/2024 година, дури 1.697 македонски граѓани се запишале на словенечки факултети.

Во академската 2024/2025 година бројот на странски студенти во Словенија достигна 11.918, што е пораст од 12,8% во однос на претходната година. Повеќе од 1.000 од нив доаѓаат од само четири земји, меѓу кои и Македонија.

Иако точни податоци за октомври 2025 година сè уште нема, според статистиката може да се претпостави дека бројот на нови македонски студенти во Словенија ќе достигне околу 1.800 до 2.000. Оваа проценка се темели на континуираниот пораст на странски студенти и на фактот што македонските студенти се меѓу најбројните групи што заминуваат таму.

На конференција организирана од Словенечката амбасада и Македонската студентска организација во Словенија, младите истакнаа дека образовниот систем таму нуди современи наставни методи, добро опремени лаборатории и кариеерни центри. Ситуацијата ја споредија со онаа дома, каде што студентите често се приморани да работат во кафулиња за да го надоместат недостигот од поддршка.

Многумина од нив изразуваат загриженост за „одливот на интелектуален потенцијал“. Иако дел од студентите би сакале да се вратат по студиите, лошите институционални услови и ниската мотивација за професионално ангажирање во Македонија ги одвраќаат од таа одлука.

Министерството за образование признава дека не поседува точна статистика за студентите кои самостојно заминуваат на студии во странство. Единствено се води евиденција за оние кои биле добитници на државни стипендии за престижни универзитети во светот, околу 400 студенти во последните 15 години. И додека бројките постојано растат, државата се труди, но барем за сега не може да преземе конкретну чекори за младината да остане дома, односно механизми за поддршка на младите.

Најнови вести од: Македонија Регион

Граѓанин на Босна осуден на казна-затвор за величење на генерал Ратко Младиќ

Четириесет и тригодишен државјанин на Босна и Херцеговина е условно осуден на 15 дена затвор во Хрватска, откако полицијата во градот Кореница го уапсила поради величење на осудениот босански српски воен злосторник Ратко Младиќ на социјалните мрежи, јави Хина, повикувајќи се на Полицијата на Личко-сењската жупанија.

„Учете од минатото“: Ердоган ја предупреди Грција да престане да ги вооружува островите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остро предупредување до Грција поради, како што оцени, продолжувањето на вооружувањето на островите со демилитаризиран статус, порачајќи дека Атина треба да го напушти „погрешниот пат“.

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top