Силното невреме, проследено со пороен дожд, електрични празнења и ветар, накратко го нарушија авионскиот сообраќај, принудувајќи го пилотот на авионот на компанијата „Еделвајс“ од Цирих наместо во главниот град на Македонија да слета во Приштина.
Пилотот вртел над Скопје дваесетина минути во очекување на подобри временски услови, за на крајот да реши да го пренасочи летот кон Косово.
Авионот, кој полета од Цирих во 18 часот, требаше да слета на меѓународниот аеродром во Скопје околу 20 ч. и во него најголемиот дел од патниците беа македонски државјани.