Регион

Граѓанин на Босна осуден на казна-затвор за величење на генерал Ратко Младиќ

Четириесет и тригодишен државјанин на Босна и Херцеговина е условно осуден на 15 дена затвор во Хрватска, откако полицијата во градот Кореница го уапсила поради величење на осудениот босански српски воен злосторник Ратко Младиќ на социјалните мрежи, јави Хина, повикувајќи се на Полицијата на Личко-сењската жупанија.

Граѓанин на Босна и Херцеговина е осуден на 15 дена затвор, условно на една година, поради величење на генерал Ратко Младиќ, поранешен командант на Главниот штаб на Армијата на Република Српска. Како што соопшти Полициската управа во Лика-Сењ, во Хрватска, казната е изречена по спроведување на кривична истрага против 43-годишен граѓанин на БиХ „кој со своето однесување го прекршил Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“.

Осудениот, како што беше објавено, е осомничен дека преку социјалните мрежи објавувал слики, симболи, песни и текстови во кои оддавал почит и изразувал благодарност, како што е наведено, „на лице осудено за воени злосторства, со што предизвикал вознемиреност, непријатност и чувство на повреда кај граѓаните“.

Осомничениот е изведен пред надлежниот суд и е осуден на 15 дена затвор со условна казна доколку не стори едно или повеќе прекршоци во рок од една година. Осудениот граѓанин на БиХ му се заблагодарил на генералот Младиќ за неговата „слобода“ и рекол дека „никогаш нема да биде заборавен“.

Претходно, Босанското обвинителство соопшти дека по смртта на Младиќ добило илјадници пријави против лица осомничени за кривично дело „величење на осуден воен злосторник“, но ниту една од пријавите не била поднесена од полициска служба.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top