Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Два „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување дејствуваат над селото Грачани во чија близина вчера навлезе пожар кој избувна на косовската страна од границата, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Во вонредна изјава, тој вели дека пожарот се приближил и претставува закана за селото, но се надева дека дека пожарникарите кои се распоредени на местото, со помош на „ертракторите“, ќе успеат да ја пресечат огнената линија, која, како што соопшти, е долга повеќе од пет километри.

Во друга изјава дадена околу половина час подоцна, Ангелов соопшти дека храбрите скопски пожарникари успеале да ја стопираат линијата на огнот и да спречат тој да не навлезе во селото. Пожарникарите во разговор со Ангелов, велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ертрактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја.
  • „Според фактичката состојба, досега е веќе завршено. Значи, запрен е (огнот) каде што требаше да се запре, за да не навлезе и да фати надолу. Момчињата од Дирекцијата многу ни помогнаа. Со сите ресурси одиме колку што се може и колку што не се може, но добро е да се искоординираме бидејќи со повеќе луѓе ќе ги завршиме сите делови“, вели еден од пожарникарите на скопската Противпожарна бригада, кој е дел од тимот ангажиран на пожарот во близина на селото Грачани.  

Покрај овој пожар, како што информира Ангелов и денеска, активни се уште неколку огнени стихии на отворено на територијата на државата. Меѓу нив се и двата пожари на територијата на на Општина Студеничани, кои, како што вели директорот на ДЗС, некој повторно ги запалил во утринските часови или во текот на ноќта. Сепак, додава, тие не претставуваат закана за населените места и очекува наскоро да бидат ставени под контрола.

Како најтежок, Ангелов го оцени пожарот што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево. Таму утрово дејствувал хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија како поддршка на пожарникарите од Струга.

  • „Верувам дека денес огнената линија ќе биде прекината. Истиот нема да претставува закана за селата“, рече Ангелов.

Тој повторно упати апел до граѓаните и понатаму да бидат внимателни, затоа што, како што вели, доволна е само една искра за да дојде до катастрофа.

https://youtu.be/fmwJwjBi_y8

Најнови вести од: Македонија

Велјановски: Талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра

Мицкоски: Поддржуваме инвестиции што значат повеќе енергија и почиста животна средина

Приватна инвестиција во делот на енергетиката, когенеративна централа. Што значи когенеративна централа? Дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект

„До кога, Горане, има ли крај твојот бетон?“ – Ивановска Ивановска до Герасимовски за ДУП-от на Водно

Добро би било градоначалникот да ја научи историјата на градот, особено за периодот кога се иселувале селата Долно и Горно Водно и се пошумувало брдото за да не го поплавува градот

250 илјади евра за настани во еден ден – Како се организирала прославата за поканата за членство во НАТО во 2018 г.

Задолженијата и одлуките биле донесени четири дена пред настаните, дел од постапките биле почнати истиот ден кога се донесени заклучоците од Владата, а договорот за техничката опрема бил потпишан еден ден пред настаните

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен

Апликацијата ќе ги содржи личните документи на граѓаните во електронска форма, меѓу кои личната карта и возачката дозвола, а во почетната фаза преку неа ќе бидат достапни и неколку електронски услуги од јавната администрација

Љубчо Георгиевски смета дека скандалозниот испад на Костадинов е добра иницијатива

Пратеникот Костадинов дал иницијатива со која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик. Ова е добра основа во втора фаза да биде прогласен и за официјален во Бугарија – смета Љубчо

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори

Сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС и ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци

Најнови вести

To top