
Министерството за внатрешни работисоопшти дека вчера, околу 06:55 часот на пешачки премин на булевар „Лирија“, тој со патничко возило „Цитроен Саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот С.Ш. (82) од Кичево и го напуштил местото на настанот, но во 07:10 часот се вратил без возилото.
„Пешакот С.Ш. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во кичевската болница, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопјe, каде што починал во 21:00 часот.“
„Лицето е приведено во полициската станица и по целосна истрага и документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти Министерството за внатрешни работи.