Македонија

Димитриеска-Кочоска: По подолго време македонската економија закрепнува, раст од 3 отсто во првото четиримесечие во 2025

Реагирајќи на извртувањата на вистината од страна на лидерот на СДС Венко Филипче, министерката за финансии Гордана Димитиевска-Кочовска посочи дека „двете милијарди евра за поддршка на граѓаните и фирмите“ на претходната влада предизвикаа само зголемување на државниот долг на Македонија во однос на бруто-домашниот производ за повеќе од 10 процентни поени во 2020 година споредено со претходната 2019 година, што е најголемо пораст на задолжувањата споредно со земјите од непосредното опкружување, а резултатот  од тоа задолжување е најнизок раст.

„Наместо да се манипулира со јавно објавени и достапни податоци и показатели за економската состојба, во продолжение неколку факти за „успешните економски“ политики на претходната влада за којашто говореше лидерот на опозицијата.“ – реагира денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа посочува дека просечниот раст на бруто домашниот производ во периодот 2017 -2023 година во Македонија изнесуваше 1,8 отсто, што беше еден од наjниските во Европа и најмал, споредено со земјите од регионот (БиХ 2,9, Словенија 3,2, Хрватска 3,5, Албанија и Црна Гора 3,5, Србија 3,6 и Косово 3,8 отсто).

„Како се справи Владата со кризата и пандемијата говори и фактот што и тука податоците покажуваат дека повторно земјата имаше најнизок просечен раст од 1,2 отсто споредено со земјите од регионот. Тоа укажува на успешноста и ефективноста на мерките.“ – нагласува Димитриеска-Кочоска.

Оттаму, продолжува таа, посочените „две милијарди евра“ за поддршка на граѓаните и фирмите резултираа во зголемување на државниот долг во однос на БДП за повеќе од 10 процентни поени во 2020 година споредено со претходната 2019 година, што повторно е најголемо зголемување споредно со земјите од непосредното опкружување, а резултатот  од тоа задолжување е најнизок раст.

„За тоа како се потрошени парите за мерките и активностите за поддршка за вработувањето погодени од здравствената криза предизвикана од Ковид-19 говори и извештајот на Државниот завод за ревизија. Постојаната манипулација и извртување на тезите не можат да го оспорат фактот дека по подолг период економијата закрепнува три последователни квартали, при што во првиот квартал растот од 3 отсто е еден од највисоките во Европа и регионот, односно 6-ти највисок по објавувањето на податоците за сите земји, податок објавен на Евростат.“ – се наведува во реакцијата на министерката Димитриеска-Кочоска.

Натаму таа напоменува дека во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година просечниот раст на нето платата во Македонија изнесува 10,1 отсто. Притоа, прави споредба дека во текот на целото седумгодишно владеење на СДСМ просечната плата се зголемуваше во просек за 8,2 отсто.

Поразително е за министерката што и ваквиот раст е во најголема мера резултат на драматичниот пораст на цените, којшто беше меѓу највисоките во регионот и Европа. Ако се исклучи ефектот на растот на цените, просечниот раст на реалната нето плата изнесуваше само 3,5 отсто, и покрај потрошените милијарди евра за справување со кризите и наводно зачувување на животниот стандард, нагласува Димитреиска-Кочоска.

„За споредба, во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година, реалниот раст на платите, оној од кој се исклучени ефектите од цените, изнесува 6,4 отсто, односно е речиси 3 процентни поени повисок во споредба со претходната власт. И доколку се гледа синдикалната минимална кошничка, во мај 2024 година просечната плата покривала 68,7 отсто од кошничката, додека во јуни 2025 година нејзината покриеност изнесува 70,3 отсто“, се конкретизира во реакцијата на министерката.

Дмитриеска-Кочоска заклучува дека земјите од ЕУ и регионот, исто така, се соочија со значителни инфлациски притисоци, но повеќето земји успеаја успешно да го амортизираат ударот од ценовниот шок, за разлика од Македонија во периодот на владеење на социјалдемократите.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

To top