Македонија

,,Тимот Јанчев” засилен во кавгата меѓу кавадаречкиот градоначалник и Спасен Сиљановски

Јанчев во емисијата доби поддршка за организација на Тиквешко гроздобер

Во кавгата меѓу кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и Спасен Сиљановски за статусот на македонската музика на локалните прослави се вклучи и аналитичарот Сотир Костов кој на оваа тема дебатираше во емисијата Летна Политика на Радио Лидер.

Јанчев во емисијата доби поддршка за организација на Тиквешко гроздобер која претходно беше нападната од Спасен Сиљановски затоа што не носи повеќе македонски музичари туку инсистира на српски ѕвезди.

Во емисијата со свој став за темата која сосема непотребно по кој знае кој пат  ја подели Македонија се јави и Љупчо Златев новинар кој е од Кавадарци и кој растел со Тиквешки гроздобер.

Преходно Спасен Сиљановски објави видео во кои кажа работи кои не се пријатни за слушање од страна на Јанчев, односно се кажани без заобиколување во стилот на Сиљановски

Виралното видео на Сиљановски кој претходно доби поддршка од Богдан Илиевски на овој ЛИНК

Целата емисија на Радио Лидер

Најнови вести од: Македонија

Д-р Лилјана Ристевска избрана за претседател на „Црвениот крст“

Изборот претставува важен историски момент за најголемата хуманитарна организација во земјава, како и благодарност за нејзината долгогодишна посветеност, професионалност и активен придонес во развојот на Црвениот крст

Меџити: На плоштадот „Скендербег“ ќе се гради Албанска библиотека

Владата ја одобрила одлуката за пренос на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на општина Чаир, со што се отстранува и последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот.

To top