Македонија

До средината на 2026 камери на крстосници низ Скопје и цела Македонија во рамки на проектот „Безбеден град, безбедна држава“

„Во 2024 година имало 142 жртви во сообраќајни несреќи, поради непочитување на сообраќајните правила. Со измените во законот за безбедност во сообраќајот и патиштата целиме да се спасат човечките животи, а не да го полниме буџетот на Република Македонија.“ – нагласи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и вдолж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде спроведен проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Се очекува до средината на 2026 година со камери на крстосниците да биде покриена целата територија на Република Македонија. Ова го соопшти вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Охрид на средбата со неговиот словенечки колега Боштјан Поклукар.

Тошковски информираше дека измените во законот за безбедност во сообраќајот и патиштата, во кои се вградени одредбите за „Безбеден град“ во Собранието на Република Македонија го поминаа првото читање пред матичната комисија. Тошкоски порача дека со овој закон не се предвидува казнување на граѓаните, заради полнење на државниот буџет, туку оти е целта да се спасат човечки животи.

„Целта на овој систем не е да бидат казнувани македонските граѓани.Целта на овој систем не е да се полни буџетот на Република Македонија, туку да се спаси барем еден човечки живот. Бројките се страшни. Во 2024 година има 142 жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила и сообраќајни несреќи, кои кои се случиле. Сигурен сум дека бројките ќе се намалуваат со ставање на системот во функција.“ – нагласи првиот човек на Министерството за внатрешни работи.

Тој порача дека контролите ќе продолжат и оти ќе ги заострат казните особено во Кривичниот законик: освен парична казна ќе се изрекува и казна затвор и трајно одземање на возилата, со кои се сторени кривичните дела.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top