Хроника

Обвинение за таткото тепач на младинскиот фудбалер од „Шкупи“

За делото е предвидена затворска казна до пет години

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 24 август, на фудбалскиот стадион “Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу пионерските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ од Штип и „Шкупи“ од Скопје, обвинетиот со грубо насилство ја загрозил сигурноста на оштетените две 15-годишни деца, кои биле играчи во тимот на ФК “Брегалница“.

На децата им нанел телесни повреди, а кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

-Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на обвинетиот, кој играл за „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот, информира Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Најнови вести од: Хроника

МВР за шокантниот случај: 15-годишниот гостиварец цела година ја вознемирувал 13-годишната сестра, а пред 3 месеци ја силувал

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за подготвителна постапка и предлог за притвор за 14-годишно дете, поради основано сомневање дека извршило продолжено кривично дело родосквернавење.

Затвор од 8 години доби Штекли, а со другите тројца од групата вкупно 26 години и 10 месеци, кои заедно продаваа низ Скопје еден грам кокаин за 100 евра!

Со пресуда на основниот суд во Скопје Раде Трајковски Штекли доби затворска казна од 8 години, а останатите тројца членови на организираната група, која се занимавала со незаконска трговија со дрога, добија тројца по 5 години и еден доби затвор од 3 години и 10 месеци. На Штекли и неговата група им се судеше безмалку една година.

Газдата на изгорениот „Пулс“ Деко нема да оди во куќен притвор, поради негативното мислење на Обвинителството за таквото барање

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите, кои го следат процесот во судницата. Барање за куќен притвор поднесоа и други обвинети за пожарот во „Пулс“.

Доживотен затвор за Денис Асанов (74) за чудовишното убиство на Борјанка Николова (79) од Штип, на која и ги отсекол главата и нозете, а телото го распарчил

Асанов ја убил Николова и со остар предмет, ѝ ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место

Акција на МВР околу незаконскиот интернет-пазар „OLVX“ во тетовска Голема Речица – ФБИ од САД вклучени во случајот

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. Секторот за компјутерски криминал продолжува со преземање мерки и активности за целосно расчистување на случајот, заради идентификација на сите вмешани лица и обезбедување релевантни докази, согласно со важечките законски прописи.

Брутална тортура од три повозрасни девојчиња врз шестоодделенка во Ѓорче Петров, ја гореле со цигара и ја присилувале да јаде измет од куче!

Родители пријавиле морничав злосторнички случај на врсничко насилство меѓу ученички од основно училиште во Општината Ѓорче Петров, објави Вечер Прес.

To top