Свет

Над илјада загинати и само еден преживеан во огромно свлечиште во Судан

Речиси целото село Тарасин било уништено

Во оддалечениот регион на планините Мара, во западен Судан, најмалку илјада луѓе загинаа во огромно свлечиште, соопшти бунтовничката група Движење за ослободување на Судан/Армија (The Sudan Liberation Movement/Army).

Според нив, обилните дождови кои со денови го погодувале овој дел од земјата предизвикале масивен одрон во неделата. Речиси целото село Тарасин било уништено, а од трагедијата преживеал само еден жител.

Групата, која ја контролира областа каде што се случи катастрофата, веднаш упати апел за итна интервенција од Обединетите нации и од меѓународните и регионалните хуманитарни организации.

Гувернерот на Дарфур, сојузник на суданската армија, Мини Минави, одроните ги оцени како „хуманитарна трагедија“ и предупреди дека состојбата во регионот бара брза акција.

Најнови вести од: Свет

Говедското месо во оваа земја поскапе за 150%, слабее и валутата

Иран се закани со одмазда против секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува потег што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го опишува како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“.

Која е русокосата асистентка на Трамп која му е поважна и од државниот секретар Рубио?

За време на кампањата на Трамп, наводно, Натали се нашла во неговите приватни простории во Мар-а-Лаго, во делот во кој обично е забранет пристап за сите надвор од семејството, каде што на неа наишла Меланија Трамп. Харп наводно му доставувала документи на претседателот бидејќи не сакала да чека до утрото

To top