Македонија

Убаво што СДСМ ја потсети јавноста зoшто има само 18 пратеника, коментира Теменугов

,,Се моли ПР-тимот на ВМРО-ДПМНЕ да го однесе на троа поскап ручек ПР-тимот на СДСМ…”

Новинарот Горан Теменугов со порака до тимот за пропаганда на СДСМ кој според него направил лоша проценка кога го советувал лидерот Венко Филипче да зборува за нови отстапки кон Бугарија.

Теменугов вели дека со тоа Филипче и СДСМ само ја потсетуваат јавноста зошто на последните избори имаа само 18 пратеници.

,,Се моли ПР тимот на ВМРО ДПМНЕ да го однесе на троа поскап ручек ПР тимот на СДСМ затоа што го советувале лидерот Венко Филипче пред избори да ја врати темата дека треба отстапки кон Бугарија, под диктат на ЕУ, за што вина има СДСМ и ДУИ. Убаво што ја потсетија јавноста дека и 18 пратеника им се многу…”, пишува Теменугов кому за разлика од СДСМ му е познато што мисли народот за уставни измени.

Анкетите покажуваат дека над 80 проценти од Македонците сметаат дека не треба да се прават нови отстапки кон Бугарија.

Зошто Филипче со новиот предлог за компромис кон Бугарија изврши самоубиствен политички атентат на 6 недели пред изборите засега не е јасно.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top