Македонија

Мистериозни детали од кариерата на Виктор Димовски во времето на СФРЈ наскоро пред јавноста

Досието Демагог наскоро пред јавноста

На Виктор Димовски и на Венко Филипче им е јасно дека доколку АНБ одлучи да ги декласифицира материјалите за прислушкувањето на политичари, бизнисмени и новинари, директорот Бојан Христовски ќе стори кривично дело, затоа што тоа ќе значи дека приватниот живот на следените ќе биде ставен на тацна на пошироката јавност. Токму затоа, сакајќи да се пазарат, бараат декласификација – пишува Лидер.мк.

Веднаш потоа следи многу интересна најава:

Затоа што Димовски ја фрли ракавицата за декласификација, Радио Лидер (како еден од оперативно обработуваните и судски обвинети медиуми) го прифаќа предизвикот и во наредниот период ќе го декласифицира неговото работење, додека бил вработен во Управата за државна безнедност во Битола, за време на СФРЈ.

Впрочем, работата на нашата редакција имаше клучен удел во тоа тој да не стане амбасадор во Франција, поради неговата поврзаност со удбашки структури во Србија.

Во наредниот период ќе објавуваме обемна класифицирана документација, за следење, обработка и тортура на луѓе со потекло од егејска Македонија од страна на Виктор Димовски.

Имаме многу документи, почнуваме во понеделник со досието „ДЕМАГОГ“, објавува Лидер.мк.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

To top