Свет

Мерц: Путин е можеби најголемиот воен злосторник на нашето време

Кремљ денеска соопшти дека треба да се игнорираат ставовите на германскиот канцелар за мировните преговори за Украина

Кремљ денеска соопшти дека треба да се игнорираат ставовите на германскиот канцелар за мировните преговори за Украина , откако Фридрих Мерц рече дека Владимир Путин е „можеби најлошиот воен злосторник на нашето време“.

Мерц, во интервју што вчера беше емитувано, нагласи дека за таквите луѓе „нема простор за попустливост“.

Русија ги отфрла сите обвинувања дека нејзините сили извршиле воени злосторства во Украина или дека Путин издал наредби што би можеле да се сметаат за воени злосторства.

Кога новинарите во Кина го прашаа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за предлогот на Мерц за одржување мировни преговори во Женева,тој рече дека „речиси е невозможно да се земат предвид ставовите на Мерц по неговите последни изјави“.

Иако Мерц и претходно во својот неколкумесечен мандат како канцелар ја обвинуваше Русија како држава за „сериозни воени злосторства“ и „тероризам против цивилното население“, директното етикетирање на Путин како потенцијално најлош воен злосторник на нашето време означува невидена ескалација во неговата реторика.

Коментарите на Мерц доаѓаат во време кога продолжуваат меѓународните правни постапки против Путин. За потсетување, во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение за нелегална депортација на деца од Украина.

Постоењето на налогот за апсење значително ги комплицираше дипломатските напори.

На пример, австриското Министерство за надворешни работи неодамна изјави дека земјата е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу украинските и руските лидери. Виена посочи дека би можела да се консултира со Меѓународниот кривичен суд за да се избегне апсењето на Путин за време на евентуална посета.

Најнови вести од: Свет

Захарова: Ова не се безбедносни гаранции за Украина, тие се гаранции за опасност за европскиот континент

Русија денеска изјави дека безбедносните гаранции што ги бара Киев во рамките на решавањето на конфликтот во Украина претставуваат „опасност за европскиот континент“.

Доналд Трамп незаконски ги замрзнала грантовите од 2,2 милијарди долари наменети за Харвард

Федерален судија во САД вчера донесе одлука дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп незаконски ги замрзнала грантовите во износ од околу 2,2 милијарди долари наменети за Универзитетот Харвард и дека повеќе не смее да го прекинува финансирањето на истражувањата на престижната институција од Бршленовата лига.

Додека траела парадата Си и Путин разговарале како да се постигне бесмртност

Додека формации со нуклеарни ракети маршираа на парадата во Пекинг, вклучен микрофон откри дека Владимир Путин и Си Џинпинг зборувале за бесмртност и трансплантација на органи, според Би-Би-Си.

Трамп: Наскоро ќе се случи нешто во Украина, но Путин и Зеленски не се подготвени

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наскоро „ќе се случи нешто“ во Украина, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа.

Светската трговија достигна најниско ниво во последните 80 години

Генералната директорка на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивеала, предупреди дека обемот на трговијата што се одвива според правилата на организацијата, паднал на најниско ниво од крајот на Втората светска војна.

To top