Македонија

Вреди: Корумпираните од ДУИ не донесуваа закон за правична застапеност уште од 2003, оти си ги вработуваа внуците и партиските милитанти!

„Тие го сменија кривичниот законик, за да се спасат себеси и своите, оти се сите корумпирани, а ние ги менуваме законите, за да гарантираме правична застапеност на сите.“ – ја обвинува коалицијата Вреди партијата на Али Ахмети.

„За ДУИ правичната застапеност не беше еднаквост, туку начин за вработување на внуци, внуки и партиски милитанти. Од 2003 година не го донесуваа законот за правична застапеност, за да се спасат себеси, оти се корумпирани, но ние, како коалиција Вреди ќе го донесеме овој закон, за да обезбедиме еднаквост и правда.“ – нагласува Вреди во своето денешно соопштение, кое го пренесува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Натаму Вреди истакнува: ДУИ, сега преименувана како Алијанса на коалицијата на интересот, 20 години ги држеше Албанците како заложници, користејќи го принципот на правична застапеност како маска за корупција, пазарење и одржување на својата моќ по секоја цена.. Законот за правична застапеност требаше да биде донесен уште во 2003 година, но исчезна од агендата преку валкани зделки, клановски интереси и политички игри.

За ДУИ правичната застапеност не беше еднаквост, туку начин за вработување на внуци, внуки и партиски милитанти. Денес благодарение на нашата влада неправдата завршува. Со овој закон секоја институција ќе биде обврзана да го почитува и да го унапредува принципот на правична и соодветна застапеност. Формирањето на Владино координативно тело, предводено од вицепремиерот, ќе го следи и ќе го гарантира неговото спроведување.

Во рок од шест месеци сите секторски закони ќе бидат усогласени со обврските, што произлегуваат од овој закон, со што еднаквоста и правдата ќе станат функционален стандард за сите граѓани. Ова е разликата меѓу ДУИ и Вреди. Тие ги користеа институциите, за да се збогатат себеси и својот круг, а ние ги користиме, за да донесеме еднаквост и правда.

Тие го сменија кривичниот законик, за да се спасат себеси и своите, оти се сите корумпирани, а ние ги менуваме законите, за да гарантираме правична застапеност на сите. Тие донесоа штетни проекти како Отворениот Балкан, а ние донесуваме европски стандарди и правна еднаквост. – завршува коалицијата Вреди во свото соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Најчевска: 2001 е чин на терор според правото, сега е време да започнат постапки против водачите на терористичките групи, овие дела не застаруваат!

Професорката Мирјана Најчевска реагираше со објава на својот фејсбук-профил по коментарот на Арбен Таравари дека „УЧК и нејзините борци не се терористи“ и неговото барање „веднаш да се смени натписот“ на спомен-плочата на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ за загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година.

Шилегов: Филипче треба да поднесе оставка, поради катастрофалниот рејтинг! – Сосила не може да му се даде памет!

„Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет!“ – изјави Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“.

Димитриеска-Кочоска: Неопходно е внимателно управување, силни институции и примена на фискалните правила

Фискалната стратегија во претстојниот период ќе се соочи со сложена задача да го усогласи потребното стеснување на буџетот со стимулацијата за економски напредок. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, нагласи дека за ова е потребно претпазливо управување, цврсти институции и строго почитување на фискалните прописи.

Вандализам во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип: цртани нацистички свастики, демолирани тоалети, оштетени кабинети по предметна настава!

„На 30.4.2026 година, во 6:18 часот, во СВР Штип е пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Штип, едно лице насилно влегло во просторија на училиштето, при што оштетило дел од инвентарот (монитори) и испишало графит со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата, која два часа вршеше увид во објектот.

Најнови вести

To top