Македонија

Трамп и честиташе 8 Септември на Сиљановска Давкова, таа возврати на честитката

Честитката не е само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство

Претседателот на САД Доналд Трамп и го честитал денот на независноста на Македонија 8 Септември на колешката Гордана Сиљановска Давкова.

Честитката е предадена од страна на амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер по што претседателката возврати на честитката од Трамп.

,,🇲🇰🤝🇺🇸 Искрена благодарност до претседателот на САД и американскиот народ за честитките по повод 34 годишнината од 8 Септември – Денот на независноста”, порачува Сиљановска Давкова која смета дека содржината на честитката е потврда за одличните македонско – американски односи.

,,Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас се не само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, справување со меѓународниот криминал и гарантирање траен мир и безбедност, туку и причина за нивно унапредување”, објави Сиљановска Давкова во својата порака до американскиот претседател.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top