Свет

ИДФ: Цивилите да се евакуираат од градот Газа

Израелската армија утрово издаде повик до палестинските цивили да се евакуираат од градот Газа кон југ

Израелската армија утрово издаде повик до палестинските цивили да се евакуираат од градот Газа кон југ, каде што израелските сили ги интензивираат операциите за освојување на преостанатите упоришта на милитантната група Хамас, со цел конечна контрола врз градот, објави „Тајмс оф Израел“.

Паралелно, израелската армија соопшти дека воспоставува нови хуманитарни зони во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа. Овие зони ќе вклучуваат теренски болници, водоводна инфраструктура, како и редовно снабдување со храна, шатори, лекови и медицинска опрема. Овие активности се координирани преку COGAT (Координација на владините активности во териториите) во соработка со Обединетите нации и други меѓународни организации, со цел поддршка на цивилното население за време на воените операции.

Истовремено, меѓународните хуманитарни организации и дел од сојузниците на Израел изразија загриженост за хуманитарните последици од интензивирањето на операциите во градот Газа, предупредувајќи на потенцијално влошување на веќе тешките услови за цивилите, вклучително и недостиг на храна, вода и медицинска помош.

Најнови вести од: Свет

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот

По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Најнови вести

To top