Македонија

Ќе се вратат ли Катица Јанева и Боки 13 в затвор, обвинителството истражува

Двајца криминалци и тројца обвинители се дел од истрата за грозоморна уцена на бизнисмен

Се истражува нов скандал за рекетирање бизнисмен, во кој под истрага се бившите обвинители Катица Јанева, Боки 13 и тројца активни обвинители.

Поранешните обвинители на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, се наводно вмешани во нов скандал со рекетирање.

За овој случај се води предистрага во Основното јавно обвинителствто за гонење на организиран криминал и корупција и се прибираат докази за да се види дали ќе се отвори истрага за овој случај.

Кривичната пријава до МВР е поднесена од оштетениот бизнисмен чие име засега не се открива. Како што брифираат наши извори, се истражува и дали Бојан Јовановски е вмешан во оваа постапка.

Според нашите информации, оштетен е бизнисмен кој во времето на активното работење на СЈО бил дел од предметите што ги водеше ова обвинителство. Случајот, според нашите информации има сличности со аферата „Рекет“, а се проверува и евентуалната вмешаност на Бојан Јовановски – Боки 13.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција потврдуваат дека по овој случај се постапува:

„Предметот за кој покажувате интерес е во предистражна постапка и по него постапува надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Во рамките на своите надлежности обвинителството ги презема сите неопходни дејствија за испитување на наводите содржани во изјавите на пријавителите. Со оглед на тајноста на предистражната постапка во моментов ОЈО ГОКК не е во можност да сподели повеќе детали“, одговорија за МКД.мк од ОЈО ГОКК.

Боки 13 целосно излезе од затвор поради здравствени причини а Катица Јанева сега излегува секој ден од затворот во работно време меѓу затоа што работи во адвокатската канцеларија на својот син.

Повеќе детали на овој ЛИНК

Најчитана вест денеска на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top