Македонија

Бугарска фондација во земјава праќа книги за царот окупатор на Македонија

Дали и како книгите кои шират антимакедонски наратив според кој Македонците се Бугари, влегуваат во Македонија

Бугарската фондација ,,Македонија” тврди дека во земјава секоја недела праќа бугарски книги во Македонија.

Меѓу книгите на бугарски јазик кои ги објавува донацијата а за кои тврди дека се префрлаат во земјава се наоѓа и книгата ,,Круна од трње”.

Оваа книга на бугарскиот публицист Стефан Груев го опишува владеењето на Царот Борис Трети кој бил сојузник на Хитлер, до неговата смрт во 1943 година.

Во книгата Македонија за време на Бугарската окупација се третира како дел од бугарската држава и историја а Македонците се прикажани како составен дел на бугарската нација.

,,Фондацијата „Македонија“ продолжува да испраќа бугарски книги и патриотски тетратки во Северна Македонија. Секоја недела”, објавува фондацијата.

Шефот на оваа фондација Александар Стојанов поради својата антимакедонска пропаганда преходно доби забрана за влез во Македонија.

Нејасно е дали и како книгите кои шират антимакедонски наратив според кој Македонците се Бугари, влегуваат во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Речиси целосно пробиена трасата на булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево

По долгогодишно чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива решение, со што се исполнува едно од најважните инфраструктурни очекувања на жителите од овој дел на Скопје.

„Комунална хигиена“ со 12 милиони евра долгови и 60% од возилата расипани

Државната ревизија ја прочешла документацијата за 2024 година на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Според наодите на ревизорите компанијата има проблем со наплататата на нивната услуга, потоа забележано е нерационално управување со залихите, но констатирана е и намалена ликвидност.

To top