Македонија

ВРЕДИ: Ние со САД и Европа, Бујар Османи со Лавров и „Отворен Балкан“

Повеќе од јасно е дека или си со Вашингтон и Европа, или си со српскиот свет

Повеќе од јасно е дека или си со Вашингтон и Европа, или си со српскиот свет. Ние во текот на една година имавме непрекинати средби, го продлабочивме соработувањето со амбасадори и меѓународни претставници, остваривме над пет посети на лидерите на ВЛЕН во Вашингтон само во една година и нашиот правец е јасен и недвосмислен, стои во соопштението од ВРЕДИ што го објавуваме интегрално.

Бујар Османи, прашањето е за тебе: кому му ја отвори вратата? Освен вечери со Лавров и подземни српско-црногорски врски, кој од меѓународниот фактор ти ја отвори вратата во изминатата година? Никој.

Лажеше за средбата со поранешниот премиер Никола Груевски, јавно негираше, но денес постојат јасни докази кои те разобличуваат. Лажеше и за твоите контакти со државните лидери на Србија, затоа што се документирани најмалку единаесет средби скриени од јавноста, за кои никогаш не си дал отчет. Лажеше и за влезот на српскиот капитал во телекомуникацискиот сектор, бидејќи токму за време на твојот мандат беше дадена дозвола за компанијата МТЕЛ. А ти беше еден од најгласните поддржувачи на пропаднатиот проект „Отворен Балкан“, иницијатива што му ја отвори вратата на Белград да го прошири своето влијание и ги оштети интересите на Албанците.

Додека ВЛЕН ги зацврстува врските со Вашингтон и со западните партнери, ти го простре црвениот тепих за српскиот свет.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

To top