Македонија

Мицкоски: Независноста не е само потпис на хартија, тоа е аманет од предците

Таа е жртва, борба, љубов кон оваа света земја

8 Септември не е само датум и никако не е случајност, туку континуитет на жедта на еден од помалите народи во Европа и последица на многу битки на тој народ. Денес повторно сме исправени пред времиња што бараат храброст и одлучност. И повторно мора да го направиме вистинскиот избор – изборот на работа, изборот на заедништво, изборот на иднина што ќе ја оставиме на нашите деца. Независноста не е само потпис и хартија – таа е жртва, таа е борба, таа е љубов кон оваа света земја. Тоа е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации. Да се обединиме, порача премиерот Христијан Мицкоски на централната свеченост по повод одбележувањето на 34-годишнината од осамостојувањето на државата.

Осврнувајќи се на изминатите 34 години независност, Мицкоски рече дека тој како премиер и секој нареден ја има обврската да се поклони пред оние кои зборуваа за независноста, но и оние кои ја споделуваа надежта и копнежот за своја држава.

Најавувајќи неселективна правда, подобар животен стандард за граѓаните и борба да се зголеми наталитетот, Мицкоски се осврна и на едно, како што рече, големо потфрлање кое како држава го имаме речиси три и пол децении постоење на независна македонска држава, а тоа е чувството на разочараност од системот.

– Во ова мое обраќање не ви говорам за партиските пресметки на ВМРО и СДСМ, ниту пак целта ми е да гледам низ призмата на партиските битки, туку говорам за државничките позиции и анализи кои мора сите одговорни да ги имаат во своите политички анализи. Тоа незадоволство од системот е пред сè поради неправедното водење на политиката, на страшно мачната транзиција, на многу силен криминал кој ја разјаде секоја силна пора во ова наше општество, на неправдите кои ги гледаа, на фактот што многумина што ја водеа државата и одлучуваа за судбините на другите беа дел од криминалниот канцер кој ја разјадуваше државата и се смееја на лицето на правдата. И затоа е впечатокот дека богатите кои нечесно заработуваат, не лежат во затвор. И ова мора да се смени, а правдата да не прави разлика кој од каде е, кој од која политичка страна доаѓа и кој колку пари има, туку дали го прекршил законот или не, дали сторил криминал или не. И оние кои мислат или се прикажуваат за заштитени од одговорност треба да знаат – сега или малку подоцна правдата ќе ги стигне – рече Мицкоски.

Нагласи дека од првиот ден кога ја презел одговорноста да ја води државата, не заборава на граѓаните и дека државата има иднина, но дека сите мора да придонесеме за неа.

– Јас не дојдов на оваа позиција за да направам богатство или име. Дојдов за да оставам трага за мојот народ и да создадеме заедно иднина за моите и сите наши деца. И од првиот ден кога ја имам одговорноста да ја водам државата, до ден денес не заборавам силно и отворено да го погледнам народот, да ги стиснам дланките кои даваат многу за државата. Тие изнамачени дланки се она што сме ние. Тие ја хранат Македонија и го носат товарот од кој сите ние мора да понесеме дел. И тука мора да се однесуваме несебично и да даваме. Нашата татковина има иднина, и сите ние мораме да придонесеме. И јасно да зборуваме за работите кои се закана за нашето општество – рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top