Бизнис

Француската криза може да се продлабочи во ЕУ

Франција, со национален долг од 3,35 трилиони евра (113% од БДП) и буџетски дефицит од 5,4-5,8%, е главен ризик за стабилноста на Еврозоната, пишува „Дојче веле“.

Frankfurt, Germany-August 16 : Euro Sign. European Central Bank (ECB) is the central bank for the euro and administers the monetary policy of the Eurozone. August 16, 2015 in Frankfurt, Germany.

Франција, со национален долг од 3,35 трилиони евра (113% од БДП) и буџетски дефицит од 5,4-5,8%, е главен ризик за стабилноста на Еврозоната, пишува „Дојче веле“. Економската криза во Париз може да го загрози еврото, а политичката нестабилност ја влошува состојбата, според „Политико“.

Имате моќ да ја соборите владата, но не и да ја избришете реалноста – рече Франсоа Бајру пред гласањето за недоверба на 8 септември, предупредувајќи дека францускиот долг станува неподнослив и сè поскап.

Франција е меѓу најзадолжените земји во ЕУ, надмината само од Грција и Италија по односот долг-БДП. Со годишни трошоци од 67 милијарди евра за камати, таа мора да го намали дефицитот на 3% за да ги исполни правилата на ЕУ. Но, мерките за штедење се политички непопуларни, а синдикатите закажаа генерален штрајк за 10 септември.

Еврозоната не е стабилна – вели Фридрих Хајнеман од Центарот Лајбниц, истакнувајќи дека политичката криза во Франција го влошува растечкиот долг.

Европската Комисија, според Хајнеман, придонела за проблемот со попустливост кон Франција, водена од страв од популистите.

Франција го искористи својот фискален простор, за разлика од Германија – додава тој, нагласувајќи ја потребата од реформи во социјалниот систем и намалување на трошоците.

Финансиските пазари се надеваат на интервенција од ЕЦБ, но Хајнеман предупредува дека таа надеж може да биде нереална. Каматните стапки на француските обврзници достигнаа 3,5%, наспроти 2,7% за германските.

Засега, проблемите се ограничени на Франција, но ако кризата се продлабочи, може да се прелее низ ЕУ – вели Ендру Канингем од „Капитал економикс“.

Политичкиот ќорсокак, со поделениот парламент и притисокот врз Емануел Макрон, ја комплицира ситуацијата. Дури и неговото заминување не би ги решило проблемите, бидејќи новите избори веројатно би донеле сличен хаос, анализира „Политико“.

Не сум видел толку неизвесност од 1968 – вели Ерик Шејн, поранешен економист во AXA, потсетувајќи на протестите од 1968 година.

Макрон, кој ветуваше економски реформи, се соочува со неисполнети очекувања и растечки притисок од популистите. Франција е пред ризик од целосна криза, а решението останува неизвесно.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Азески им врачи награди на Пленковиќ и на Мицкоски за придонес во регионалната бизнис интеграција

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, им врачи награди на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и на македонскиот премиер Христијан Мицкоски за придонес во регионалната бизнис интеграција, во рамки на посетата на хрватската делегација во Македонија.

Грција и Бугарија забрзано ја развиваат рударската индустрија, Македонија тапка в место

Можностите што ги носи рударската индустрија во Македонија се пропуштаат и проектот во Иловица не стартува иако станува збор за почетна инвестиција од 340 милиони евра, што доведува до зголемување на БДП за 3% на годишно ниво и е со просечна вредност на извоз од околу 180 милиони евра на годишно ниво.

Онлајн трговците збунети – не знаат на кој јазик да ги продаваат производите

Според Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на обврските за двојазични декларации и информации можат да достигнат и до 5.000 евра, во зависност од големината на компанијата. Дополнително, казни се предвидени и за одговорното лице во фирмата односно оној кој ја води онлајн продавницата.

Мора да се стави крај на издавањето на црно апартмани преку „Booking“ и „Airbnb“

Европската комисија ја предложи регулативата уште во 2022 година, откако повеќе европски градови предупредуваа дека масовното краткорочно изнајмување влијае врз цените на домувањето и создава дополнителен притисок врз локалната инфраструктура. Според ЕУ, една од главните причини за воведување на новите правила е недостигот на сигурни и стандардизирани информации за сопствениците, локациите и за времетраењето на изнајмувањето, што досега им отежнувало на институциите да го следат пазарот и да носат соодветни политики.

Цените на становите во Скопје растат, ама и не се продаваат – до кога?!

Според Народната банка, во првиот квартал од оваа година, цените на становите во Скопје се зголемиле за 16,7% на годишна основа и за 0,1% на квартална основа, што укажува на поумерено зголемување во споредба со минатата година. Во текот на изминатата година, зголемувањето на цените е значително поголемо: во првиот квартал 19,5%, во вториот 19,9%, во третиот 25,1% и во четвртиот 25%.

Почна продажбата на курбан, една овца се продава и до 400 евра

Сточарството во тетовскиот регион се соочува со една од најсериозните кризи во последните децении, директно погодено од бранот на иселување на младите и недостатокот на интерес за наследување на традиционалните занаети. Според самите сточари, бројот на добиток драстично се намалил, бидејќи младите генерации ги напуштаат селата, оставајќи ги само постарите да се грижат за малкуте преостанати стада.

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на големо финансиско друштво

Од Министерството најавуваат дека ќе продолжат со интензивни контроли и ќе ги преземаат сите расположливи мерки согласно закон, со цел заштита на граѓаните и спречување на непочитување на законските прописи.

„ЕСМ“ со паметна стратегија: Преку викенд набавки на струја по негативни цени, компанијата инкасираше околу 50.000 евра

АД ЕСМ покажува сигнали на консолидација на финансиски план после огромни предизвици во сите сегменти на работењето, наследени од претходните раководства во периодот 2017-2024 година.

To top