Македонија

Гувернерот одлични вести за граѓаните: “Сите банки, усвоија нови, поевтини и фиксни надоместоци по трансакција”

Народната банка воведува поевтини трансакциски надоместоци во банките

Народната банка на Република Македонија најави значително поевтинување на трансакциските надоместоци во сите банки кои ја следат нејзината насока.

Според гувернерот Трајко Славески, новите надоместоци се фиксирани и поевтини:

Плаќањата преку МИПС ќе бидат поевтини за околу 50% за граѓаните;

Интерните плаќања ќе бидат бесплатни во најголем дел од банките;

Компаниите ќе плаќаат за електронски трансакции поевтино за 30–55%.

Славески истакна дека овие промени се дел од стратегијата на Народната банка за дигитализација и модернизација на платниот систем, со очекување за дополнителни поволности од почетокот на следната година.

Најнови вести од: Македонија

„Актуале“: Силен шок! Хазби Лика и Гзим Острени од поранешната УЧК се дистанцираа од ДУИ и НАИ и ја поддржуваат Вреди!

На прагот на вториот круг на локалните избори личности од „военото крило“ на ДУИ, кои имаат статус на некогашни „команданти на УЧК од 2001 година“ меѓу Албанците од Македонија, им зададоа силен удар на својот „врховен командант“ Али Ахмети и на ДУИ и нивната опозициска коалиција Национална алијанса за интеграција, појавувајќи се вчера во „срдечни разговори“ со Изет Меџити и Билал Касами, лидери на Вреди, со поддршка за оваа коалиција.

(Видео): Формирање на градска градежна инспекција во Град Скопје, најави Ѓорѓиевски

Токму искуството стекнато како градоначалник на Општина Кисела Вода е доказ дека законитоста и редот во урбанизмот можат да се воспостават со систематски пристап и професионални служби.

Билјана Ивановска: Граѓаните на Центар сами да ги направат промените во вториот круг

Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалничка на Општина Центар од платформата „Независни заедно“, на прес-конференција, изјави дека нема да повикува граѓаните да гласаат за одреден кандидат во вториот круг од локалните избори

To top