Македонија

Пратеник бара Обвинителството да биде ,,дигнато на клоци” – Холивуд може вода да носи за тајната служба

Зошто досега немало обвинение?

Пратеникот и член на собраниската комисија за надзор на тајните служби Драган Ковачки е вџашен од тоа што Јавното обвинителство не реагира на кршењата на законите во тајните служби.

Денеска членовите на комисијата беа во контрола на Агенцијата за разузнавање каде според објавата на Ковачки им биле предочени шокантни информации за прекриени закони.

,,После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се ,,издига на клоци”.

Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение!
Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи”, порачува Ковачки кој алудира на однесувањето на Јавното обвинителство кое според објавата знае за кршењето на законите во Агенцијата за разузнавање.

Ковачки дополнително вели дека не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не смее да има и јавно објавување и ,,забава за народ” заради легалноста на постапката!

Ковачки објавува дека нема да дава повеќе податоци за овој случај поради природата и сензитивноста на состојбите.

Најнови вести од: Македонија

Советникот од Карпош на СДСМ Радослав Трошановски, повеќе нема да е член на партијата

Нов претседател на Советот на Општина Карпош е Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот избор беше помогнат со гласовите на по еден советник од ГРОМ и од СДСМ, Зоран Краљевски и Радослав Трошановски.

Силниот ветер спречи два авиона да слетаат во Скопје, пренасочени се кон Приштина

Поради временските услови, два авиони не можеле да слетаат и во моментов кружат над градот додека чекаат нови инструкции. Дополнително, уште два лета биле пренасочени кон аеродромот во Приштина. Како што информираат од ДЗС, ветерот е најсилен на поголема височина, што го прави слетувањето небезбедно и го отежнува приодот на авионите кон скопскиот аеродром.

Ќе се удри по џеб секој што ноќе фрла ѓубре – инспекторите постојано на терен

Од сега е веќе во сила забраната за фрлање ѓубре во Скопје во периодот од 22 часот до 6 часот наутро. Инспекторите излегуваат на терен. Физичките лица кои нема да ја почитуваат одлуката ќе се казнат со 50 евра, за правните – глобата и до 1.800 евра.

To top