Македонија

Наука во акција: Македонија2025 собра над 250 ученици на Регионалниот Саем за наука во Скопје

Во основното училиште „Љубен Лапе“ во Скопски Аеродром денес се одржа регионалниот Саем за наука, организиран во рамки на проектот „Науката и Јас. На саемот присуствуваа над 50 ученици-презентери од седум основни училишта (Скопје, н.Драчево, с. Отља – Липково и Кичево). Тие со голема посветеност ги споделија своите научни проекти и експерименти, додека во публиката присуствуваа над 250 […]

Во основното училиште „Љубен Лапе“ во Скопски Аеродром денес се одржа регионалниот Саем за наука, организиран во рамки на проектот „Науката и Јас. На саемот присуствуваа над 50 ученици-презентери од седум основни училишта (Скопје, н.Драчево, с. Отља – Липково и Кичево). Тие со голема посветеност ги споделија своите научни проекти и експерименти, додека во публиката присуствуваа над 250 основци од училиштето домаќин, но и од неколку училишта од општина Аеродром.

Преку интерактивни презентации и практични експерименти, учениците ги претставија резултатите од својата работа во областа на природните науки – географија, биологија, хемија и физика – инспирирајќи ги своите врсници и поттикнувајќи љубопитност и интерес за науката. Настанот беше дополнително збогатен со демонстрација на научни експерименти од страна на претставници наЏонсон Мети, кои го приближија светот на науката до учениците на интерактивен и инспиративен начин. Со воведни обраќања се обратија претставници на Џонсон Мети, Македонија2025, градоначалникот на општина Аеродром и директорката на училиштето „Љубен Лапе“ од Аеродром.

Саемот за наука е дел од поширокиот проект „Науката и Јас“, кој во изминатите две години опфати над 100 помлади наставници по природни науки од различни училишта и досега вклучи околу 3500 ученици од цела Македонија. Проектот е поддржан од Џонсон Мети програмата за поддршка на заедницата и се реализира во партнерство со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

„Менторството меѓу наставниците беше клучен сегмент на овогодишната програма – создадени се менторски парови, каде поискусни наставници ги поддржуваа своите помлади колеги во подготовката и реализацијата на наставата, како и во подготовката на учениците за научните саеми. Оваа соработка ја поттикна размената на искуства, знаења и иновативни пристапи во наставата и ја зајакна заедницата на наставници по природни науки“, велат од Македонија2025 и од Џонсон Мети.

Настанот уште еднаш ја истакна важноста на заедничката работа помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за подобрување на образованието во Македонија. Заедничките вложувања во научната писменост на младите се клуч за иднината на нашето општество./p>

Проектот „Науката и Јас“ продолжува со нови активности и научни авантури. Со задоволство Ве покануваме на следниот Регионален Саем за наука, кој ќе се одржи на 3 јуни 2025 година со почеток во 12 часот, во поливалентниот простор на ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп

To top