Македонија

Бизарна смрт во Зајас, прегазен од тракторот што го возел

Изгубил контрола на тракторот

Вчера во селото Зајас општина Кичево се случила бизарна смрт која се случила откако возачот бил прегазен од тракторот што го возел сам.

На 12.09.2025 во 19:22 часот во полициското одделение во кичевското село Зајас пријавено е дека на шумски пат во атар на истото село, под трактор „универзал“ пронајден е Џ.М.(52) од Зајас.

Од извршениот увид констатирано е дека управувајќи го тракторот, возачот изгубил контрола, паднал и бил прегазен од тракторот.

Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски во соопштението за јавност.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top