Свет

ХДЗ не дава Бајага да пее во Сисак

Градоначалниот на Сисак од редовите на партијата ХГЗ вчера го откажа концертот на „Бајага и Инструктори“ што требаше да се одржи на 4 јуни на прославата на Денот на градот. ХДЗ ја врати власта на Сисак во првиот круг од локалните избори по 12 години. Градоначалникот Домагој Орлиќ Орлиќ не одговори при предавањето на власта […]

Градоначалниот на Сисак од редовите на партијата ХГЗ вчера го откажа концертот на „Бајага и Инструктори“ што требаше да се одржи на 4 јуни на прославата на Денот на градот.

ХДЗ ја врати власта на Сисак во првиот круг од локалните избори по 12 години. Градоначалникот Домагој Орлиќ Орлиќ не одговори при предавањето на власта дали концертот на Бајага ќе се одржи, но нагласи дека за тоа ќе одлучи подоцна.

Историчарот Хрвоје Класиќ кој е по потекло од Сисак го коментираше ненадејното откажување за коцертот за Индекс. хр.

„Откако ја слушнав веста дека новите, ХДЗ власти откажаа однапред договорен концерт во Сисак, морам да признаам дека за прв пат се срамам што сум од Сисак.

Најмалку што може да се направи во овој момент е сите оние што купиле билет, како и сите оние кои не се сметаат себеси за националисти, да излезат на улица и со тоа да му покажат на новиот градоначалник што мислат за неговата срамна и кукавичка одлука.

Кукавичка затоа што, наместо да се прави фраер и да изјавува дека нема да дава пари на бендови од Србија, тој вели дека нема пари во градската каса.

Ме интересира кој друг однапред договорен настан ќе го откажат. Дали истата судбина ги чека и Забрањено пушење, кое треба да се одржиат во Сисак ноќта пред Бајага?“, прашува Класиќ.

Најнови вести од: Свет

Русија изврши воздушни напади низ цела Украина , Полска крена воени авиони во паника(ВИДЕО)

Русија синоќа започна целосен воздушен напад врз Украина, во кој беа повредени најмалку четворица железнички работници, а поради што Полска крена воени авиони, објавија денес украинските и полските власти.

Трамп го обвини Џинпинг дека со Путин и Ким Џонг-ун прават заговор против САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини кинескиот лидер Си Џинпинг дека заговорнички делува против САД заедно со рускиот лидер Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Лавров на Украина треба да ѝ се гарантира неутрален, неврзан и ненуклеарен статус.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува продолжување на разговорите со Украина, но нагласи дека „новите територијални реалности“ мора да бидат признати и дека треба да се воспостават нови системи за безбедносни гаранции.

Најнови вести

To top