Македонија

Д-р Чибишев: Пожарот во Трубарево исфрли отрови!

По огромниот пожар кој избувна вчера во скопско Трубарево, каде гореше електронски отпад, се огласи токсикологот, доктор Андон Чибишев кој прерупреди за сериозните последици по здравјето на граѓаните. „Овие отровни гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на децата, бремените жени, хроничните болни (срцеви, белодробни, малигни заболувања). Апелирам граѓаните да затворат прозорци, да не излегуваат […]

По огромниот пожар кој избувна вчера во скопско Трубарево, каде гореше електронски отпад, се огласи токсикологот, доктор Андон Чибишев кој прерупреди за сериозните последици по здравјето на граѓаните.

„Овие отровни гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на децата, бремените жени, хроничните болни (срцеви, белодробни, малигни заболувања).
Апелирам граѓаните да затворат прозорци, да не излегуваат надвор без посебни портеби и сите кои имаат во домовите прочистувачи на воздух да ги пуштат да работат со најголем капацитет“, напиша доктор Чибишев на својот Фејсбук профил.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДС им излегува пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани, кој е таму благодарение на нив

„СДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус. Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здравјето на граѓаните е загрозено.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес – трагедија, од која никна „Градот на солидарноста“

Денес се навршуваат 63 години од катастрофалниот скопски земјотрес, трагедија што засекогаш остана запишана во колективното помнење на скопјани и сиот македонски народ. Во 5 часот и 17 минути, додека поголемиот дел од скопјани сè уште спиеле, силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала (9 степени според Меркалиевата скала) го погодил градот. Потресот траел само дваесетина секунди, но тие неколку мигови биле доволни за да однесат илјадници животи, да урнат цели населби и засекогаш да го променат изгледот на Скопје.

Најнови вести

To top