Македонија

Врсник на Гоце раскажува дали Делчев бил за Македонија или за Бугарија – Видео што треба да го видат властите во Софија

Изворно лично сведоштво на врсник на апостолот кое не може да го урне ниедна пропаганда

Профилот ,,Жива е Македонија” објавува видео во кое изворно се открива дека апостолот на македонската револуционерна борба немал дилема дали е за Бугарија или за Македонија.

Во сведоштвото на дедо Јане Димитриев кој е роден во истата година со Гоце Делчев 1872 а починал на 103 години во 1975 година тој раскажува какви биле ставовите на идеологот за Македонија.

Дедо Јане кој е врсник на Гоце Делчев а бил комита во неговата чета раскажува дека Делчев не се сакал со Христо Чернопеев кого Гоце и други револуционери го нарекувале Втховист затоа што тој бил за Бугарија а Делчев влечел за Македонија.

Дедо Јане вели дека толку умен човек како Делчев нема да се роди а како човек кој заедно со Гоце се борел за Македонија а не за Бугарија го кажува и Јане Сандански.

Со Пиринскиот Цар, Јане се видел вкупно 4 пати во животот.

Во своето сведоштво Јане нема дилема дека Гоце се борел за самостојна Македонија.

Емисијата е документирана во месец мај, 1972 година (кога дедо Јане има точно 100 години) од страна на тогашното Телевизија Скопје подоцна Македонска Телевизија.

Видеото на линкот
https://www.facebook.com/share/v/172Ldadkrp/

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top