Македонија

За 16 септември најавен голем протестен собир на Плоштадот Македонија во Скопје

„Кој е следен?“ го одржа првиот протестен собир во Скопје на 18 март, а протестни маршеви се изведуваа во текот на цел март. На 16 мај, со герила акција пред Јавното обвинителство во Скопје го одбележаа вториот месец од несреќата. Пред седиштето на Обвинителството поставија транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, а во вид на човечка силуета беше оставен простор за поминување.

Неформалната граѓанско движење „Кој е следен?“ со повик преку социјалните мрежи за 16 септември најави протестен собир на Плоштадот Македонија во Скопје. Со собирот закажан за 20.16ч, се одбележуваат 6 месеци од една од најголемите несреќи во земјава, пожарот на 16 март во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани со 62 жртви, од кои 6 деца и над 200 повредени, од кои многумина уште се лекуваат.

  • Не беше несреќа, не беше трагедија, беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Вторник, 16 септември, 20:16 минути, младите повикаа на тивок собир и ѕвездено небо. Вака веќе не може. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да нѐ разбесни и поттикне на акција. Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме мени пред неправдата, да преземеме одговорност, секој на свој начин“, се вели во најавата за собирот на социјалните мрежи.

„Кој е следен?“ го одржа првиот протестен собир во Скопје на 18 март, а протестни маршеви се изведуваа во текот на цел март. На 16 мај, со герила акција пред Јавното обвинителство во Скопје го одбележаа вториот месец од несреќата. Пред седиштето на Обвинителството поставија транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, а во вид на човечка силуета беше оставен простор за поминување.

Исто така, организираа и поддршка со присуство во Кочани за поддршка на „Маршот на ангелите“ со кој секоја сабота родителите, роднините и граѓани бараат правда и одговорност за несреќата.

По тримесечна истрага, Обвинителството на 13 јуни поднесе обвинение за Тешки дела против општата сигурност против 34 физички и три правни лица. На 5 септември, Обвинителството му поднесе обвинителен акт и на реалниот газда на Друштвото за обезбедување на имот и лица „Рубикон секјурити солушн“, затоа што лично тој раководел со работењето на импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани и тој дал инструкции да се внесат пиротехнички средства, да се пуштаат малолетници по полноќ, да се работи без поднесен план за обезбедување настан со голем број лица и за други незаконски дејства кои му биле нему како сопственик на објектот, дозволени од власта и од полицијата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top